Шансите не се случуваат. Вие ги создавате

Некогаш одамна сонував големи соништа. Па, ми рекоа дека се занесувам. Сакам премногу, не сум скромна. Дека не заслужувам. Ааааа тоа, така не може. Не оди така. Ме убедуваа, дека моите соништа не вредат. Време е да се разбудам.

Па, престанав да сонувам. И животот ми стана страшилиште. Потоа ми рекоа, слаба си. Мораш да бидеш појака. Одважна. Брза. Гласна. Одлучна. Силна. Мораш да се бориш. Како и ние.

Гледај. Вака тоа се прави. Па почнав да се борам. Пробав на туѓи начини да ги остварам туѓите желби и цели, мислејќи дека моите не вредат. Ниту тие, ниту јас.

И така со години. Никогаш задоволни другите, а најмалку јас од себе. И страшилиштето стана уште поголемо. Додека не сфатив…

Ниту еден сон не е преголем. Не сакам премногу. Не сум нескромна. Заслужувам. Можам. Вредам. Единствено што никогаш не смеам, е да престанам да сонувам. И да им поверувам на оние, кои ќе ми кажат дека моите соништа не вредат, дека се неостварливи или дека не ги заслужувам.

Додека не сфатив…Моите соништа се тие, на кои морам да им верувам. Нив морам да им служам. Тие треба да ги сакам и да ги негувам. Бидејќи, кога ќе престанам да сонувам и на соништата грбот ќе им го свртам, всушност му го свртив грбот на Љубовта и себе си, на животот и парадоксално, на сите оние, кои сакав да ги задоволам и кои ме опкружуваат.

Кога ќе престанам да сонувам, станувам немоќна и мала. Додека не сфатив…Нема преголеми и неостварени соништа. Нема сон, кој смееме или мораме да престанеме да го сонуваме.

Токму спротивно. Нашите соништа…Кои треба да ги живееме. Тие се нашето гориво, енергија. Тие ни даваат љубов и сила. Поради кои вредиме. Тие ни помагаат да растеме. Тие не’ прават успешни, силни и големи.

На крајот на целата приказна сфатив…Не можам да престанам да сонувам и да сакам. Колку пати и да сакав да се откажам од своите соништа, тие никогаш не се откажаа од мене.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: