Биди достен за Љубов и ќе бидеш љубен

Ако не љубите, како ќе знаете зошто дишете? Што ќе правите со своите денови и соништа?

Ако не љубите и насмевката и солзите ќе ви бидат суви..Од вашите трагови нема да се создадат патеки. Ако не љубите, ќе бидете неми. Глуви. Без живот. Ќе кажувате празни зборови и ниту еден збор, нема да ве допре. Ниту еден збор нема да заживее.

Нема да го разберете говорот на близината. Говорот на допирот. Нема да влезете во светот кој ви е подарен. Доверен. Нема да се најдете во Земјата на Љубовта. Ако не љубите и себе си ќе си бидете странец, не само на другите.

Само со Љубов може да се разбере светот. Животот. Бог со секој трепет на нашето срце, ни зборува. Ако сакате да го разберете, мора да љубите.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: