Животот е еден момент, кој е само твој

По смртта, човекот стигнал во рајот. Во еден момент видел, како Бог се доближува, носејќи со себе куфер.

Бог рекол: -‘Сине, време е да тргнеме’.

Изненаден човекот прашал:- ‘Веднаш? Така рано? Имам толку планови’.

– ‘Жал ми е, но твоето заминување е сега, во овој момент’.

– Што имате во тој куфер? – прашал човекот.

Бог одговорил: -‘Тоа што ти припаѓа тебе’.

– ‘Што ми припаѓа мене? Ги носите моите работи, облека, моите пари?’

Бог одговорил: – ‘Тие работи, никогаш тебе не ти припаѓале, тие се на светот.’

– ‘А моите сеќавања?’

– ‘Тие никогаш не ти припаѓале тебе, тие се на времето’.

– ‘Ги носите моите таленти?’

– ‘Тие никогаш не ти припаѓале тебе, тие се околности’.

– ‘Ги носите моите пријатели, моето семејство?’

– ‘Жал ми е, никогаш не ти припаѓале тебе, беа на твојот пат’.

– ‘Можеби е мојата жена и децата?’

– ‘Не ти припаѓаат тебе, беа од срцето’.

– ‘Го носите ли моето тело?’

– ‘Никој не ти припаѓал тебе, телото е прашина’.

– ‘Значи ја носите мојата душа?’

– ‘Не, душата е моја’.

Тогаш човекот полн со страв, го зел куферот, кој Бог го носел со себе, а кога го отворил, видел дека е празен.

Човекот со насолзени очи рекол: – ‘Значи никогаш ништо всушност немав?’

– ‘Така е, секој момент кога си живеел, бил само твој’.

Животот е еден момент, кој е само твој. Од таа причина, додека имаш време, искористи го во целост. Живеј сега, живеј го својот живот и не заборавај да бидеш среќен, тоа е единствено што навистина вреди.

Материјалните работи и се’ друго за што си се борел, остануваат овде. Почитувај ги оние кои те почитуваат и не губи време, со оние кои немаат време за тебе.

Leave a Reply

Up ↑

%d