За целиот свет можеби сте една личност, но за една личност вие сте целиот свет

Јас го чекам оној вистинскиот и го чекам, подолго отколку што мислам. Некои велат дека тоа е добро и дека треба, да оставам траг на љубов, во овој свет.

Долго го чекам. Велат, дека друг чoвек не може да ја пополни празнината, која сам себе си ја создаваш. Не можеш да сакаш друг ако не се сакаш потполно себе. Го прифатив тоа. Продолжив со потрагата по сродна душа, уште пострасвено. Сепак, и понатаму не го најдов. Можеби не е подготвена или уште треба да работам на себе.

Чекав и понатаму да се појавиш. Слушнав глас во главата, дека треба повеќе да се потрудам. Да одам на места, на кои не сакам и да му покажам на светот, дека те барам. Веројатно ќе се запознаеме неочекувано. Ќе бидам подготвена. Ќе те сакам потполно, но ќе ти го дадам твојот простор.

Ќе те слушам внимателно, но, ќе го барам она најдобро во тебе. Ќе се борам да бидам се’ што ќе посакаш. Ќе ти ја покажам својата страна, на никој не покажана. Ќе те пуштам во мојот свет. Сакам да го видам вистинскиот Ти. Едвај чекам да ги откријам твоите несовршености и да научам да ги сакам.

Мене ми е судено, некој да го сакам и да му го дадам цел свет. Тоа е дар, кој го чувам предолго. Едвај чекам, на некој да му го подарам. Ако никогаш не се сретнеме, нема врска. Сеедно ќе извлечам најдобро од светот.

Но, нашиот потенцијал ќе остане скриен дијамант на дното на морето. Знам дека ќе дојдеш, затоа ќе те чекам. Можеби си токму некаде на пат, до мене. Не знам… но знам дека еднаш ќе дојдеш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: