Една од најголеми молитви е- нека биде волјата Твоја. Сепак, се чини дека пречесто се држиме до својата волја, најверојатно, затоа што тоа ни се чини сигурен избор, што е потполно апсурдно.
Можете да се запрашате, зошто воопшто сме добиле можност да имаме своја волја, кога крајната цел е предавање на Божјата волја? Одговорот е прилично едноставен- ние имаме можност на избор и нашите Души, сакаат да спознаат различни искуства, кои е невозможно да се доживеат, без верување во илузијата за одвоеност од Бог.
Значи, сами себеси ја создаваме илузијата, дека сме одвоени од Него, а тогаш низ многу животи, побргу или побавно, доаѓаме до сознанието, дека сме едно и дека нашата волја е Божја, а Божјата волја е наша.
Нашата човечка волја, секогаш потекнува од нашиот ум или Его, таа сака да бира што ќе ни се случува, сака да одлучува, тежи да ги задоволи потребите на Егото. Таа е по својата природа многу ограничена, поради разни погрешни уверувања, кои се длабоко вкоренети во нас, но тежнее да се ‘замаскира’, односно да се претставува како слободна.
Човечката волја обично не’ води кон избори, кои не се во согласност со потребите на нашата Душа и наоѓа, разни изговори и оправдувања. Се додека и’ се предаваме, ќе ни биде тешко да се поврземе со потребите на Душата, бидејќи Божјата волја е волја на нашата Душа.
Имено на ниво на Душа, нас ни е сосем јасно дека сме неодвоиви од Бог и затоа ни е лесно да ја следиме Божјата волја, односно волјата на својата Душа. Прифаќање на се’ што ни доаѓа во животот, со благодарност и препуштање на животот, со љубов, е наједноставен пат кон поврзување со Божјата волја.
Сузана Вемиќ
Leave a Reply