Не превземајте одговорност за среќата на несреќниот човек

Денес ќе ви дадеме нешто за размислување.

‘Кога ќе престанеме да трчаме по погрешните работи во животот, му даваме шанса на добрите работи да не’ сретнат. Наместо да правиме повеќе ‘добри работи’ за да го смениме својот живот, понекогаш е доволно само да се елиминираат ‘лошите работи’ кои веќе ги работиме.

Како што Марија Андерсон еднаш рече:’ Никој не може да се врати да го промени почетокот, но секој може денес да почне во создавање на новиот завршеток’- нема ништо поблиску до вистината.. Пред да го започнете овој процес на трансформација, размислете за тоа, да престанете да правите работи кои ве ‘сопнуваат’. Еве кратка листа на она што треба да го правите од денес…

1.Престанете со замерување. Не го живејте својот живот со омраза во срцето. На крајот, повеќе ќе се повредите себеси, отколку луѓето кои ги мразите. Простување не значи само: ‘Тоа што го направи е ОК’. Простувањето значи: ‘Нема да дозволам, она што го направи, засекогаш ја сруши мојата среќа. Во простувањето лежи одговорот…отпуштете, најдете мир, ослободете се!

И запомни, простувањето не е само за други луѓе, тоа важи и за тебе. Потребно е да си простиш себеси, да продолжиш и да се обидеш подобро другиот пат.

2. Престанете да се оптеретувате со стари грешки. Можеме да сакаме погрешна личност и да плачеме поради лоши работи, но без оглед колку лошо ни оди, една работа е сигурна- грешките ни помагаат да ја пронајдеме вистинската личност и вистинските работи за нас.

Сите ние правиме грешки, имаме свои борби и жалиме за некои работи од минатото. Но, вие не сте вашите грешки, вие не сте вашите борби, вие сте овде и сега и имате моќ, да го обликувате својот ден и својата иднина. Секоја работа па и онаа најмала, која ви се случила во минатото, ве подготвува за моментот кој треба да дојде. Тој момент нека биде сега!

3. Престанете да го поминувате времето со погрешни луѓе. Животот е прекраток, за да го поминувате со некој кој ја собира среќата од вас. Ако некој ве сака во својот живот, ќе направи простор за вас. Не треба вие да се борите за тој простор. Не инсистирајте на некој кој постојано заборава на вашата вредност.

И запомнете, вашите пријатели не се оние кои се покрај вас, само кога вие сте во најдобро издание, туку оние кои се покрај вас, кога ви е најтешко.

4. Престанете да бидете нешто што не сте. Еден од најголемите предизвици во животот е, да се биде свој во светот кој се обидува да ве направи како сите други. Секогаш некој ќе биде поубав, попаметен, помлад, но никогаш нема да биде како вас. Не се менувајте за да ве засакаат. Бидете свои и вистинските луѓе ќе ве сакаат.

5. Престанете да бидете неблагодарни. Без оглед колку многу или малку имате, секој ден разбудете се со благодарност. Таму некаде, некој очајнички се бори за она што го земаме здраво за готово. Наместо да размислувате за она што ви недостасува, обидете се да се сетите на се’ што имате, а што на другите им недостасува.

Во животот ни доаѓаат работи кои ги заслужуваме и кои ќе не’ научат на одредени лекции. Ако постојано размислувате дека заслужувате подобро и повеќе, тогаш никогаш нема да научите што е потребно.

И секако ако се мачите со некои од овие прашања, знајте дека не сте сами. Многу од нас се тука покрај вас, кои исто така тешко работат за да се чувствуваат подобро, за да размислуваат појасно, за да живеат живот со полни гради, исполнети со смисла.

Marc Chernoff

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: