Ако треба да бираме, помеѓу задоволството и удобноста во надворешниот свет од една страна и смиреност, внатрешна слобода и голема среќа одвнатре, треба да се одлучиме за ова другото.
Бидејќи ако сме во состојба во себе да ги пронајдеме, тогаш надворешниот свет ќе се погрижи сам за себе. Дури и кога имаме удобен и пријатен надворешен живот, ако нашиот внатрешен мир е пореметен, не сме во состојба да уживаме, со сето тоа што имаме околу себе.
За да направиме трансформација, треба да направиме увид, кога размислуваме само за себе и се врзуваме за работи, кога себе и својата среќа ја сметаме за најважна работа- тогаш егото и неговото врзување, е она што ја ремети внатрешната среќа.
Дури и ако водиме добро организиран живот, може многу тешко да се најде внатрешната среќа, бидејќи не можеме потполно да бидеме задоволни, додека не ги пресечеме врските, кои ги создава Егото. Бидејќи создавањето на тие врски немаат крај- егото сака повеќе и повеќе и нема граници. Од Егото тешко можеме да се заштититиме.
Dilgo Khyentse Rinpoche
Leave a Reply