Љубовта е збор што подразбира дејство. Значи, да ги отворите срцето и умот

Anita Moorjani, е жена која сведочи за чудесно излекување, од рак на лимфните жлезди и преживува клиничка смрт, а нејзината трансформација, сознанието кое ќе го смени нејзинот начин на живот е вредно за учење. Не пропушта, ниту еден ден, со луѓето да не го подели своето искуство.

Во една прилика, ја прашале дали може состојбата на безусловна љубов, да се преслика овде, во оваа физичка стварност, а таа им одговори: ‘Секој од нас, всушност е веќе чиста и безусловна љубов.

Меѓутоа, кога ја изразуваме во оваа, физичка стварност, ја филтрираме во умот, а таа потоа, се изразува во облик на човечки емоции. Најубава метафора, на која можам да се сетам, за да илустрирам пример, е бела светлина која поминува низ призма. Безусловната љубов е како чиста, бела светлина. Кога таа свети низ призмата, се крши во сите бои на виножитото. Тоа се нашите емоции- радост, љубов, страв, завист, сочувство, омраза, емпатија и друго.

Секој од нас е како призма, во која чистата бела светлина (љубов) се крши во сите бои на виножитото, а сите нијанси (емоции) еднакво се потребни за да биде целина. Но, ако луѓето, почнат морално да ја осудуваат било која од овие бои, нема да кажат: ‘ О, таа боја е злобна’ или ‘ Тоа е грешна боја’ .

Но, тоа го правиме со луѓето, кога изразуваат емоции, па некои чувства ги прогласуваме добри или лоши. Кога некои емоции ги просудуваме како негативни и се обидуваме да ги негираме, потиснуваме дел од себе. Тоа во нас создава блокада и не’ спречува, да ја израземе во потполност нашата величенственост, токму како што издвојувањето на некои бои од спектарот, врз основа на моралните осуди, ќе ја расипе светлоста и да ќе направи нешто, што всушност не е.

Не мораме да делуваме, врз основа на секоја емоција; само мораме да прифатиме дека се тие дел од нас. Да се негираат, би било како да и’ забрануваме на одредена боја да се прекрши низ призма. Само со прифаќање на полн спектар на нашите чувства без осудувања, можеме да дојдеме во контакт, со чистата безусловна љубов, која живее во нашата суштина.

Затоа, да не заборавиме што навистина сме. Животот не треба да биде тежок. Нашиот вистинскиот дом, се наоѓа во секој од нас и не’ следи нас, каде и да одиме.

Извор: Izvor

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: