Кога светот вели ‘откажи се’, надежта шепоти ‘пробај уште еднаш’

Не вели дека од се’ ти е доста и не ги руши сите мостови, кои те врзуваат со минатото и луѓето кои таму ги запозна. Ако одиш во пресрет на нешто ново, само не ја повторувај истата грешка, бидејќи тогаш станува избор, а животот не ги простува, лесно одлуките кои ги носиме.

Ако ти е од се’ доста, не пуштај се’ да оди во бестрага. Кога работите кои со години си ги градел макотрпно, ќе ги пуштиш да се тркалаат надолу, мислејќи дека тоа ќе го реши проблемот, верувај дека од тоа нема ништо добро да се изроди.

Нема подоцна да го пронајдеш својот мир, туку ќе имаш многу поголеми проблеми, бидејќи си упропастил бројни прилики, поради одлуката да се повлечеш и да дозволиш работите сами да се смират околу тебе.

Не престанувај да се бориш против негативните мисли и емоции. Лавината од несигурност, сомнеж и страв ќе се тргне од тебе и по некое време ќе сфатиш, дека е доцна за некои прилики. Колку и да е тешко, веќе знаеш дека и по најтемната ноќ, доаѓа ден и дека ти си одговорен, да развиваш дисциплина и трпение, во моментите кога ти се чини дека работите, не се под твоја контрола, бидејќи тоа не е единствен начин, се’ да остане исто и после се’.

Не вели дека од се’ ти е доста и не се откажувај од животот, бидејќи животот нема да се откаже од тебе. Можеш да се предадеш во играта на животот, но играта нема да заврши кога ти ќе посакаш, туку кога ќе биде вистинско време.

Зошто во последната епизода на животот излегуваш како поразен, кога само малку ти е потребно до победа? Тоа е таа истрајност, која можеш да ја имаш ако посакаш, тоа е таа сила, која се наоѓа во тебе, уште само да ја разбудиш верата и надежта и да го издржиш, моментот кој доаѓа, победата која ја заслужи, ќе дојде.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: