Како гледате на себе, така и другите ќе гледаат на вас

Вие одлучувате, колку светлина и радост ќе влезе во вашиот живот. Тажно ќе биде, ако струјата на љубовта тече покрај вас, а среќата која ја барате, ќе остане далечен сон.

Најголемата намера на љубовта е ширење во секоја точка од вашиот пат, а љубовта ќе се шири, ако и’ се даде и најмала прилика за тоа, од својот извор (Бог) до своето одредиште (вашето срце). Бидејќи, вашето срце е нејзината прва точка на патот, продорната моќ на љубовта, ви поставува многу специфично барање- за да го остварите нејзиниот полн потенцијал, љубовта морате да почнете да ја барате во себе, во сопственото битие, во сопствениот живот.

Сите мистични закони се темелат на една основна вистина: морате да почнете со внатрешниот свет. Само во себе, ќе го најдете изворот на сите ваши намери. А вашата намера, е појдовна точка на вашата судбина. Вашиот став кон себе, ја одредува вашата намера.

Исто така, секоја ваша емоција, збор или дело произлегуваат од вашето самонабљудување. Без љубов кон себе, нема ни моќ на отворање кон другите, разгорување на пламенот на взаемното уважување и радост.

Ако немате доверба во себе, насочени сте само на она што ви недостасува, постојано живеејќи во сомнеж и замислена огорченост. Намерата за ширење љубов, во такво опкружување, секогаш ќе биде стегната со вашата мисла за ограничување. Вашата изолираност, несвесно самонаметната, предизвикана со фактот, дека себе си си ускратуваме, она што очајнички посакуваме да го примиме од другите.

Верувањата вкоренети, како страв и омраза кон себе, ја отфрла божествената, духовна присутност во вас. Така се одвојувате од својата вистинска моќ и се чувствувате изгубено и осамено. Во таква состојба почнувате во надворешниот свет, очајнички да барате некој друг да ви даде решение.

Тој очај, всушност ја одбива љубовта која ја барате, создавајќи во вас духовен мрак, која како црна дупка, ја влече радоста од секое искуство и однос кој ќе ви се случи. Поради тоа, вашата негативност ве менува или дури го одбива се’ она што ви доаѓа.

Движењето на вашиот живот, е заглавен во енергетска блокада на песимизмот. Таа тешка заглавена енергија, ги затвора каналите кои ве поврзуваат, со бесконечното море на љубов, ограничен слободен проток на вистинска љубов, која може да пристигне во вашиот живот.

Но, не мора засекогаш да останете заглавени. Ако ги срушите оградите на омразата во се’ што доживувате, ќе остварите енергетска промена на погонска енергија, која ќе ве отвори за струјата на љубовта и ќе ве поврзе со својот енергетски тек.

Факт е дека изворот на омраза за било што- па дури и кон себе, ја открива вашата вистинска намера. Универзумот е жалосен, поради вашиот избор, но ја прифаќа вашата намера и реката од љубов ја насочува некаде на друго место.

Одлуката за откажување од стравот пресудно е важна ако во својот живот, се потрудите да ја искусите вистинската љубов. Силата на вашиот карактер- вашиот однос со себе- е точка на вашата лична и духовна енергија. Сите други односи во вашиот живот, го одржуваат вашиот став кон себе.

Тоа значи, дека вашиот однос кон себе го одредува квалитетот на речиси секое искуство. Тоа вреди, независно за тоа дали барате романтична љубов, подобра комуникација со шефот, поширок круг на пријатели или дури и финансиски успех. Од тоа не можете да избегате.

Не постои надворешен фактор со кој треба да се занимавате во овој момент. Вие одлучувате колку светлина и радост ќе влезе во вашиот живот. Без почетна точка во своето битие, струјата на љубовта и понатаму ќе биде покрај вас, а среќата која ја барате ќе остане далечен сон.

Тајната на привлекувањето – Sandra Taylor

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: