Чувството, дека ве земаат ‘здраво за готово’ е свесен емоционален повик за помош. На свесно ниво, не сфаќате дека сте малтретирани, но, на несвесно ниво, тоа е она што вие сметате дека го ‘заслужувате’.
Ако имате чувство дека заслужувате да се однесуваат така, бидејќи ‘Не сте достојни’, вие останувате во хаотичниот циклус на привлекување на штетни луѓе. Сите понекогаш во секојдневните животи, се чувствуваме непризнати, игнорирани и непочитувани.
Всушност, чувството, дека другите не’ земаат здраво за готово е еден од најчестите меѓучовечки проблеми. Од неблагодарен, неромантичен партнер, до безобзирни деца и низа други животни ситуации во кои луѓето не’ земаат здраво за готово. Но, што се случува кога ќе утврдиме, дека без оглед, што ние правиме или колку им даваме на другите, уште не’ искористуваат и потценуваат? Што да правиме кога ќе видиме, дека сме заглавиле во маѓепсаниот круг на привлекување на луѓе, кои немилосрдно искористуваат и потоа отфрлаат?
Има 4 причини зошто тоа ви го прават.
1. Имате лоши граници базирани на его. За да се поврземе со нашите души, прво мора да бидеме во состојба, психички да се развиваме и да постигнеме зрелост.
Личности со слаби граници, темелени на его, често имаат проблем да кажат: ‘Не’, да ги разликуваат нивните мисли и потреби, од оние на другите и да одвојат време, за грижа за себе. Поради тоа доаѓа до ‘горење’ , душевни болести и мачеништво.
Многу луѓе се збунети со источната и New Age филозофија за ‘надминување на егото’ и мислат дека е потребно во потполност да го избришат егото. Но, тоа не значи да се избрише егото, туку да стане свесен за своето его или да не биде ограничен со него.
За да го совладаме егото, прво мораме да го развиеме. Кога се мисли на ‘его’ , се мисли на нашето чувство одвоено од себе. Ако ве искористуваат, многу е веројатно, дека имате слабо или неразвиено чувство за себе. Морате да научите, да ги почитувате своите вредности, своите дарови и да откриете, како да се грижите за себе, а не само за другите.
2. Не сте ги изразиле своите потреби за другите. Во односите и другите меѓучовечки врски, често правиме грешка, мислејќи дека другите луѓе, можат да ни ги читаат мислите. Но, важно е да се сфати, дека не размислуваат сите на ист начин, на кој и вие размислувате.. Ако ве земаат здраво за готово, можеби треба едноставно да седнете со другите и јасно да ги изразите своите потреби.
Отворена комуникација, не е вештина која сме ја учеле и поради тоа, од почеток може да се чини страшно. Но, кога ќе научите како да ги изразите своите потреби, ќе се чувствувате охрабрени. Со истражување на своите потреби, можете да стекнете увид во вашите односи со другите луѓе- кои се здрави односи, а кои не се.
На пример, ако се отворите и гледате, дека личноста се кае за своите постапки или ви се извинува, можете да бидете сигурни, дека таа личност едноставно не е свесна, дека ве зема здраво за готово. Меѓутоа, ако се отворите и личноста е рамнодушна или ве исмејува, можете да бидете сигурни, на таа личност, не и’ е грижа за вас.
3. Вие верувате, дека вашата вредност доаѓа од давање. Во детството или со тек на време, стекнавте лажно уверување, дека вашата вредност доаѓа од давање на другите. Со други зборови, верувате дека мерилото на вашето самопочитување, е право пропоционално со количината на откажување и жртвување за други.
За жал, овие погрешни уверувања, резултираат исклучиво со кршливо самопочитување, стрес па дури и манипулирање со други, за да имаат подобро мислење за себе, за да се чувствуваат подобро.
Во оваа ситуација, вие не давате со полно срце, давате со рането срце, кое копнее за признание и пофалби на други. Без тоа признание и пофалба, се чувствувате безвредно, игнорирано и се чувствувате дека ве земаат здраво за готово.
Тоа е така, само ако сметате дека вашата вредност доаѓа однадвор- од другите. Треба да разберете, дека не мора ништо да направите за да бидете сакани или достојни. Вие тоа веќе сте.
4. Привлекувате љубов која сметате, дека сте ја заслужиле. Ова не е етерично уверување, тоа е психолошки факт. Кога длабоко во себе, ќе почувствувате дека сте недостојни за вистинска љубов, вие привлекувате луѓе кои ве злоставуваат, бидејќи тие го подржуваат вашето несвесно верување- ‘Не сум доволно добар’.
Што можете да направите? Најдобриот лек за овој проблем, е да ги истражите своите темелни уверувања и рани. Тоа бара длабоко прекопување, по своите мисловни обрасци и поранешни животни искуства, кои придонесле за такво деструктивно уверување. Запрашајте се: ‘Зошто чувствувам, дека ме сфаќаат здраво за готово?’ И набљудувајте се низ овие 4 точки. Во која се препознавте?
Имајте на ум, дека секоја ситуација во животот е лекција, па и оние болните. Работете на себе.
Извор: atma
Leave a Reply