Што било- поминало! Не го носете минатото, постојано во својата сегашност

Што ќе ви е нов ден, ако во него повторно ги вртите старите филмови? Што ќе ви е сончево утро, ако, штом ги отворите очите, се затрупувате со темните облаци, на емотивното ѓубре од минатото? Па што ако, толку работи до сега тргнале по зло? Па што???

Сега барем, знаете како не треба. Па што ако, не ве третираа онака како што сте посакувале, а знаете дека заслужувате повеќе? Тоа ве направи посилни. Па што ако, родителите не се однесуваа онака како што требаше? Тоа ви помогна да излезете од зоната на комфорот и удобноста на родителскиот дом, па со поголема одлучност, да тргнете во нов живот! За да можете да дадете, она што не сте добиле кога бевте малечки.

Па што ако, личноста со која сте се венчале, повеќе не е онаа со која сакате да го поминете животот? Дали дадовте се’ од себе, најдобро што можевте, таа врска да успее? Да? И не оди понатаму? Па, не е крај на светот! Направете нов избор, во нов смер за нова, посреќна иднина. И верувајте ми, нема ништо така страшно да се случи, како што нашиот мозок, обично ќе исценира… Се’ на крајот може да се нареди, а вие конечно ќе го имате својот Мир. Од кој можете се’ што ќе посакате.

Па што, кога ќе го согледате својот редовен ден и сфаќате, дека поголемиот дел од денот, всушност го правите она што го посакувате? Бидете благодарни на тоа прекрасно сознание! Ве освести! Дека од сега барем 5 мин повеќе во денот, ќе одвоите за она што сакате. Па, утре ќе биде тоа 10, 15 мин….И како награда, ќе го менувате вашиот поглед и на она, што сметате дека мора да го направите. Па и тоа ќе го правите со радост.

Па што ако, вашето минато не е идеално? Па, ничие не е! Тоа само ние мислиме дека е, бидејќи живееме туѓ живот 24 часа на ден. Тргнете се од илузиите! И престанете да верувате, дека сте жртва на животот и судбината.

Вашиот живот е ваша работа. За никој не сте одговорни, повеќе од тоа дека сте одговорни за себе. Не можете да му помогнете на друг, ако прво не си помогнете себе си. Грижете се прво за своите чувства и раздвижете се, кон се’ подобро и подобро чувство!

За да можете, од таа позиција квалитетно да им помогнете и на луѓето околу себе, почнувајќи од оние, кои најмногу ги сакате. Што било- поминало! Не го носете тоа постојано во својата сегашност. Подвлечете црта со вашиот живот до сега, соберете, извлечете најдобро, од она што било и тргнете напред! Тргнете конечно напред!

Гледате колку години веќе ви поминале? Дали ви се чини дека поминале за час? Е така, ќе поминат и оние кои доаѓаат.

Затоа, искористете ги најдобро што можете! Не чекајте повеќе. Почнете од СЕГА. Нека овој ден, во вашиот живот биде обележен со тоа, што конечно почнавте да мислите малку на себе. Почнавте да си угодувате, да бидете среќни. Вдишувате радост и ентузијазам во својот ден!

Ви посакувам денес, да заспиете задоволни и горди на себе! Насмевката да ви биде на лицето, бидејќи направивте добро за себе! Нешто што ве радува и ве прави среќни! И со тоа чувство ви посакувам да си легнувате во кревет секоја ноќ… Дозволете да се помрднете! Имајте храброст! Вашето ново утре, чека да дојдете!

Ива Брадариќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: