Дали ‘трчаме’ кон она што сакаме или бегаме од она што не сакаме?

Секогаш е добро, правилно да се оценат нашите избори при нашето делување, посебно кога работите, не одат како што сакаме. Кога привлекуваме повторно несакани настани, би било мудро да застанеме и да се запрашаме, дали трчаме кон она што сакаме или бегаме од она што не сакаме. Дали некогаш, ви се случило повторно и повторно, да се соочувате со ист проблем?

Понекогаш имаме негативен фокус, кој станува толку јак што предизвикува, да го привлечеме истиот проблем. Зошто го имаме тој негативен фокус?

1. Зборувате за одреден проблем или се жалите на него.

За многу од нас ова е најјака причина зошто постојано привлекуваме проблеми. Повеќето од нас многу зборува, дури некои никогаш не престануваат да ја повторуваат истата приказна. Се жалиме на проблеми со грбот, на лош однос, лоша работа, а тоа создава многу додатен магнетизам, за овие негативни околности. Добрата вест е дека е многу лесно, да се запре кукањето. На почеток може да биде малку непријатно да се ‘гризнете за јазик’, но со малку пракса лесно е да се ограничи негативното муабетење.

2. Опсесивно размислување за проблемот

Додека поголемиот дел од луѓето верува, дека грижата е клучна за нашиот опстанок, ништо не може понатаму од вистината. Кога се грижиме за нашите проблеми, генерираме поголем моментум за нив, а ние се наоѓаме далеку и се’ подалеку од решението кое ни е потребно.

Иако многумина од нас разбираат, дека негативното размислување предизвикува проблеми, но, да се менуваат нашите мисли, сеуште е лесно да се каже, отколку да се направи. Нашите мисли, се движат со многу брзо темпо и доаѓаат без многу труд па ‘контролата на мислите’, може да биде многу незгодна.

Важно е да се запомни, дека иако сте во можност да ги менувате своите мисли, некаде имате сепак ненамерни мисли- и тоа е во ред. Неколку негативни мисли, нема да го уништат вашиот живот, затоа ве молам, сепак да бидете благи кон себе, посебно на почеток.

Кога сме потполно опседнати со проблемот, можеме намерно да го одвлекуваме своето внимание, а тоа може да има длабоко влијание на ситуацијата. Следниот пат кога ќе бидете загрижени поради проблемот, едноставно речете си:’ Тоа можам подоцна да го решам, но сега ќе се фокусирам на нешто малку повесело’.

Потоа пронајдете активност, која ве развеселува и фокусирајте се на неа! Можете да гледате смешен филм, да го повикате добриот пријател или да се занимавате со хоби кое ве прави среќни. Исто така можете да слушнете и весела музика или да направите лесна вежба.

Свртувањето на вниманието е сјајна пракса, која треба да се развие, будејќи вибрациски ве насочува на вистинскиот пат. Ако, секој пат кога опсесивно размислувате за проблемот, направете чекор наназад и се ускладите со повисока вибрација, ќе генерирате навика која ќе ви помогне, бргу да се откажете од негативните мисли, во сите подрачја од вашиот живот.

3. Делување од страв

Нашето делување може да влијае на нашите вибрации и на нашите уверувања. Не само дека нашите постапки, се одраз на нашата вибрација и како се чувствуваме одвнатре, туку имаме и моќ да ги смениме. На пример, можеби сте слушнале, дека кога се чувствувате депресивно, можете едноставно да почнете да се смеете и на тој начин ќе го подобрите своето расположение. Иако насмевката не е вистинска, единствен чин на насмевка, ќе го осветли патот кон внатрешно емоционално будење.

Тоа функционира, бидејќи нашите расположенија и нашите делувања работат заедно во тандем. Запомнете дека секогаш е подобро да ползите, пред да почните да одите. Почнете пополека, ако за почеток е тешко, да престанете да зборувате за проблемот или ако вашите мисли или дела се загрижувачки и страшни.

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: