Ние сме причина за сите наши неволји

Ниту едно уверување, само по себе не е ограничувачко. Тоа станува такво, дури тогаш кога чувствуваме, дека не’ кочи на патот до целта која ни е навистина важна и која сакаме да ја оствариме.

Знаете ли, дека просечен човек носи 35 000 одлуки? Ако тоа ви звучи неверојатно, размислете за следното.. Токму сега, носите одлука дали овој текст ќе го читате до крај или ќе почнете да правите нешто друго. Со други зборови, секој момент од својот живот носите одредени избори, а нивниот вкупен број, како нивна последица, претставува она што го нарекуваме стварност.

Да биде работата уште по интересна, тие одлуки ги носиме несвесно. Сега оправдано се поставува прашањето, врз основа на што одлучувате, кој следен избор ќе го одберете. Што е тоа што најмногу влијае на одлуките? И тука доаѓаме до нашите уверувања, односно внатрешните програми, кои управуваат со поголемиот дел од нашите дневни избори и одлуки.

Ако не ги промениш своите уверувања, твојот живот засекогаш ќе остане, таков каков што е. Дали е тоа добра вест? Нашите уверувања се како софтвер, кои ни дозволува на екранот, да ја видиме само онаа содржина која, тој ја подржува. Тие уверувања ги создаваат нашите очекувања и управуваат со нашите реакции.

Можеме да имаме надеж, желби и цели, но вистинските чекори кои ни се потребни за да можеме да ги оствариме, дури кога делумно ќе се ослободиме од ограничувачките уверувања, кои ни го подржуваат смерот, по кој сакаме да одиме. Иако сите во себе имаме многу разни ограничувачки уверувања, добрата вест е дека повеќето не се важни. Но, уверувањата кои бараат наше внимание, се оние кои во нас автоматски се активираат, кога ќе започнеме да превземаме практични чекори, чувствувајќи, дека животот или работата стагнира.

Како да се ослободиме од таквите уверувања? За почеток, важно е да бидете конкретни и да се насочите само на едно подрачје од животот. Или, уште подобро, само на една цел која ја доживувате како приоритет. Помислете за актуелната цел, која од една страна е посебно важна и не поднесува понатамошно одложување, додека истовремено чувствувате, дека поради тоа премногу се вртите во круг и не превземате, ниту приближно онолку практични чекори, колку е потребно со оглед на неговата важност.

Потоа поставете си го себе си, следното прашање: Во што некој длабоко во себе треба да верува, за да се однесува онака како јас што се однесувам, врзано за својата цел? Потоа, без премногу размислување, започнете да ги запишувате мислите кои излегуваат на површина на вашата свест. Тие ќе ги претставуваат оние уверувања, кои најмногу го ограничуваат вашиот ангажман, на патот кон остварувањето на целта.

Тогаш кога таквите уверувања ‘преминуваат’ од несвесниот ум во свесниот, тие повеќе нема да го преставуваат ‘механизмот’, кој доминира над вашите одлуки, туку ќе стане опција за која ќе размислите и ќе бидете во можност критички да ја преиспитате.

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: