Ако го изгубиш душевниот мир во потполност, ќе одиш на лекар. Тој ќе ти даде таблета и твојот систем ќе биде мирен. Можеби тоа ќе трае само неколку часови, но ќе бидеш мирен.
Таа таблета е само малку хемикалија, која влегува во твојот состав и те прави мирен. Или со други зборови, она што го нарекуваш мир, одредено е со хемијата во тебе.
Слично на тоа, она што го нарекуваш радост, страдање, беда, страв или било кое друго човечко искуство, има хемиска основа во себе. Духовниот процес, значи да создаваш вистинска врста на хемија, во која си природно мирен, природно радосен.
Кога ќе бидеш радосен само поради тоа што е природно, ништо друго не треба да работиш, за да постигнеш среќа. Тогаш самата димензија на твојот живот, самиот начин на кој набљудуваш и се изразуваш себе си во светот, ќе се промени.
Sadhguru
Leave a Reply