Необичните средби, при кои се вљубуваме, се случуваат многу ретко, а нашите очекувањата, се огромни. Исчекувањето на тие случувања предолго траат. Кога ќе се случат, го чувствуваме она недопирливото.
Обично љубовта ја доживуваме, како ‘нешто’ што мораме да го добиеме, што доаѓа од небо и кога ќе ни се случи Љубов, создаваме слика, дека таа зависи од нешто надворешно. Исти така, ако нешто многу силно посакуваш, обично создаваш блокада и тогаш, спречуваш некој да влезе во твојот живот.
Тагоре ќе рече: ‘Големите срца љубат, малите бараат да бидат љубени’. Љубовта не се создава на Wall Street и таа не е врзана само за партнерските односи. Ќе ја пронајдете во уметноста, музиката, природата, но и на најнеубавите и најопасните места. Многу од нас се религиозни, но, на прсти од една рака, ќе ги најдете оние кои во религијата ја пронајдоа Љубовта.
Која состојка ќе ја изгради Љубовта? Самотијата, која треба да се совлада и низ неа да се расте, за да можете на другиот да му дадете искреност, а не зависност. Многумина, односите ги хранат со зависност или страв дека ќе бидат напуштени.
Необичната средба е првата средба на препознавање на мистеријата на животот, ударот е силен, заведува, но, исто така и идеологијата и конвенциите кои ги носат луѓето, далеку од ова чувство.
Има луѓе кои, се обидуваат преку излегувања ‘во живот’ повторно да разбудат такво чувство. Чашка од ‘нешто’, е обид, повторно привидно да се разбуди чувството на сигурност и така имаме, трагачи и ловци кои одат по местата на исчекување. Но, ништо не се случува и не доаѓа, бидејќи не сакаат да ја согледаат смислата.
Тоа е исто, кога држиш цвет, а не можеш да видиш од што израснал или кога ќе слушнеш некоја убава песна, па не прашуваш како се создала. Тоа се вика конзумеризам.
Содржината е всушност неважна, многумина не ги интересира, затоа необичната средба е така силна и ретка. Незаинтересираноста ја продлабочува раната, која секој човек ја носи во градите, бидејќи човекот е ранет. Оди по светот со таа рана и не ја разбира, нејзината тајна.
И да се обидете да поставувате прашања за раната, луѓето нема да ве разбират. Ако кажете нема љубов, ранливоста или малодушноста, ќе ве врати кон егото, кое конечно може да направи ѕидини, во кои владее амбиција, ароганција, завист, поточно површност.
Луѓето знаат, дека оние на кои љубовта им е смислата на животот, од другите нема да добијат аплауз, ниту желба да слушаат за суштината на односот, освен за односи кои зборуваат за копнеж. Знаат за тоа луѓето, затоа не одат по тој пат. Премногу има осаменост и неразбирање, на некои нејасни чувства, поминување низ понори, разочарувања, но ако не бараш, дури тогаш си во проблеми.
Разговарајте за односите доволно долго по треиесетите, ќе видите како фрустрацијата, како ладен ветар ги обвиткува човечките души. Но, тоа е патот, а тој почнува од необичната средба која раѓа неповторливо чувство.
‘Ако воопшто знам што е љубов, тоа го знам поради себе’ – Хесе.
извор: Sensa.rs
Leave a Reply