Животот нема цел само да се пронајдете себеси, туку ви дава можност и да се создадете себеси

Според Bhagavad- Gita, сите сме духовни души, делови од Бог. Свевишниот Бог е независен, а и ние, како негови делови сме независни. Луѓето можат да ви ги земат парите, материјалната природа, може да ви го одземе вашето здравје, времето ќе ја однесе младоста и неминовно е, на ‘крајот од животот’ се’ да ни биде одземено.

Животот е работа на избор и на вас е, како ќе одлучите, да ја користите својата слободна волја, во секој момент. Според тоа како ја користите, станувате условени, да размислувате на тој начин и така да делувате. Ние станавме условени со она, со кое се дружиме.

Дозволете ми да употребам груб пример, за користење на слободната волја, а тоа е пушење на цигари. Кога ќе ја пробате првата цигара, таа е со ужасен вкус. Но, со својата слободна волја, продолжувате, препуштајќи се на тоа искуство, а при тоа слободната волја станува толку условена, што станувате зависни, а тогаш се чини дека немате повеќе слободна волја. Поради овие зависности, вие практично сте присилени- ‘Морам тоа да го направам’. ‘Не можам да живеам без тоа’. Слично е и со аклохолизмот и зависноста од дрога.

Според тоа каква е нашата свесност, на кој начин размислуваме, треба да сфатиме, дека тоа не е наша вечна природа, тоа е наша стекната природа. Тоа е природна карактеристика, која себе си си ја создадовме, а која зависи од тоа, со кој и со што, одбираме да се дружиме во нашите животи.

На пример, некои луѓе се многу динамични, а некои се навистина мрзливи и летаргични. Не е, дека тие се така родени. Со изборот на летаргија во овој живот или можеби во минатиот живот, мрзливоста станува нечија природа. Некои луѓе по својата природа, едноставно не можат да престанат да жалат за се’ и за сите.

Дали некогаш сте сретнале таква личност? Тие едноставно сакаат да се жалат или можеби тоа и не го сакаат, но не можат да застанат. Таков став се развива со непрестано мрчење, негодување и дружење со луѓе кои се незадоволни. Слично на тоа, кога се дружиме со луѓе кои се позитивни, кога бираме да се уклучиме во позитивни приказни, на тој начин ја менуваме и својата условеност.

Ако сте на брод, можеби немате контрола, над тоа како ветерот дува, но имате контрола над едрата на својот брод? Како ќе реагирате? Вие имате избор. Кога ќе ви се случат многу непријатни или нечесни работи, можете да одберете да бидете жртва или да одберете да научите лекција.

Можете да одберете да се жалите или да туркате долу се’ околу вас, бидејќи ‘бедата сака друштво’ или можете да изберете позитивна прилика, во својата наизглед мизерна состојба.

‘Барај и ќе ти се даде’ е кажано во Библијата. ‘Тропни и вратата ќе ти се отвори’. Секоја ситуација е прилика. Постои изрека: ‘Кога приликата ќе тропне на вратата, многумина се жалат на бука’.

Да се има визија значи да се види невидливото, да се видат позитивните можности во секоја ситуација, во која ќе се најдеме. Целиот свет, што се однесува до перцепцијата, огледало е на нашата сопствена свест. Секој на овој свет, на една иста работа, не гледа на ист начин. Со што и со кој ќе дојдеме во контакт, зависи од нашата состојба на свеста.

Светот е само огледало на нашите ставови. Како бираме, така ќе се прилагодиме на ситуациите во кои се наоѓаме, бидејќи се’ она што одредува во нашиот живот е нашата свест, а потоа и целата наша перцепција на светот.

Radhanath Swami

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: