Секогаш кажете она што чувствувте и работете она што мислите

Не е важно во што гледаш, важно е што гледаш – Henry David Thoreau.

Ние можеме да гледаме, но не значи дека гледаме. Ние можеме да слушаме, но не значи дека слушаме. Ние можеме да бидеме живи, но не значи да живееме.

Две личности, можат да набљудуваат иста работа или ситуација, но да ја доживеат сосем спротивно. Можат да слушнат исти зборови, да читаат иста книга и да имаат потполно различно разбирање или тие зборови, можат да ги асоцираат на различни појмови. Затоа јазикот, зборовите и другите начини на изразување, всушност многу се ограничени.

Опис, слика или име на нешто, никогаш не може, потполно да го долови она што се обидуваме да го опишеме. Чувствената перцепција е најгрубиот начин на набљудување на стварноста. Собираме стимулирачки информации, кои умот ги обработува. Стварноста ја сведуваме на она, што човечкиот ум може да разбере, а тоа не е многу. Ние сме повеќе од тело. Телото и нашата приказна, поврзана за телото, е нашата површинска стварност.

Втората димензија на она што е во нас, е нашето длабоко Јас. Иако површинското поистоветување, со нашето тело и мисли, исто така е стварно, тоа сепак е само површинско и привремено. Тоа значи, дека вие можете да видите некој, со прекрасно тело но, она одвнатре е многу поважно. Освен што имаме, свое место во времето во кое живееме, ние во основа сме она длабинско Јас.

Ова сознание е ослободувачко, за да не го бараме своето конечно чувство за идентитет на површина- каде никогаш нема да го пронајдеме. Тоа само не’ ослободува од фрустрирачкото чувство, дека во животот секогаш нешто недостасува или дека не е баш се’ како што треба да биде.

извор: svijet pozitive

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: