Ако кажеме дека сме слаби, слаби и ќе останеме

Раните не се забораваат и врежани се во нашето тело, нашата духовна природа, дури и се складираат на несвесно ниво. А ние, со тие рани треба да се носиме, онака како знаеме и умееме.

Ако кажеме дека сме слаби, слаби и ќе останеме. Ништо во нашиот живот нема да се промени. Нема да се обидеме, во себе да најдеме сила, која ќе може да не’ излечи, иако сме свесни за таа можност.

Ако кажеме дека ќе се бориме, значи дека нема да се помириме со состојбата на депресија, самосожалување, недостаток на верба во себе, туку ќе бараме начин да излеземе од таа тешка состојба.

Причина за живот, е еден од начините за решавање на нашите внатрешни повреди. Да се живее, значи и по повредата да се продолжи понатаму, не бегајќи од светот. Свесно, да се прифати загубата, во подлабока смисла, за да се пополнат дупките од нашите повреди, за да се носиме и да ги надминеме моменталните ситуации.

Какви и да се нашите повреди, нема брзи решенија и зацелувања, потребно е да се помине долг пат, на ментално и емоционално созревање, кое единствено повредите ни го овозможуваат.

Во потрага по смислата на животот, пред нас ќе се отвори вратата на нови можности, која нашиот поглед ќе го насочат на нешто ново. Вредностите кои ги носиме во себе, ќе бидат патоказ, во кој правец тој пат оди. Ќе се пронајдеме себе си, со голема ‘животна школа’ ослободена од стари терети и повреди.

Leave a Reply

Up ↑

%d