Животот не’ крши сите, но некои се појаки на скршените места

Во секоја ситуација постои излез, колку и да е тешка, само што не е видлив ‘од прва’. Затоа луѓето често се откажуваат. Некогаш навистина морате добро да се измачите, за да го откриете. Но, кога излезот е пред вас, знаете дека вреди за сиот труд, кој сте го вложиле.

Излез не постои, само ако се предадете, ако се откажете од себе.

Ако барате излез, треба да бидете трпеливи. Ако го чувствувате сигналот дека се’ околу вас е мрачно и без смисла, не верувајте. Изгубената битка не е изгубена војна. Поразот кој го доживувавме е само едно скалило кон растот, предизвик, подобро да набљудуваме каде е вистинакиот извор на проблемот.

Понекогаш, треба со себе да се соочиме и да ги откриеме, сите оние внатрешни препреки, кои себе си, си ги поставивме. Така и животот станува подобар, кога сте свој најдобар пријател.

Кога ќе се разочарате во луѓе и настани, избегнувајте генерализација и тумачење ‘секогаш така ќе биде’ и ‘ никогаш нема да успее’. Не ве повредиле сите луѓе и затоа не треба на сите, да им ги рушите мостовите до вас. Животот докажува често, дека сме измамени, посебно кога некои работи за нас се апсолутни и не дозволуваме поинакви тумачења, од оние кои сме ги зацртале во главата.

Излез постои во секоја ситуација, а тоа значи тест за нашата верба и постењето на Бог. Имаме страв од неуспех, кога се плашиме од жртва, одрекување и ризик, а потоа влегуваме во маѓепсаниот круг, во кој новиот пораз, носи нов страв и закопување во местото, наместо подготвеност да направиме исчекор и да направиме нешто, што никогаш не сме направиле, за да добиеме она што никогаш не сме добиле- вистинска победа.

Победа, во која и во поразите гледаме решение и наоѓаме излез, за сите ситуации кои ни се чинат без излез.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: