Не сакам ништо што е туѓо, но, со сите сили го бранам она што е мое

Заборави што другите прават. Престани да гледаш каде се и што имаат. Никој не е подобар од тебе, бидејќи никој не може да биде подобар – Ти одиш по својот сопствен пат.

Понекогаш причината, поради која се бориме со својата несигурност, е тоа што го споредуваме она што се случува во нас ‘зад сцена’, со она како другите се презентираат во јавноста. Ја слушаш буката на светот, наместо себе.

Престани да се споредуваш! Заборави на се’ што ти го одзема вниманието од себе. Слушај го својот внатрешен глас. Гледај своја работа. Чувај ги своите желби и своите најголеми цели, блиску до срцето и посвети им време секој ден.

Немој да се плашиш да одиш сам и не се плаши, да уживаш во тоа. Немој да дозволиш нечие незнаење, драма или негативност да те запре, да бидеш најдобро што можеш да бидеш.

Продолжи да работиш она, што знаеш во своето срце, дека е правилно, за тебе. Кога ќе се фокусираш на смислена работа и мир во себе, речиси ништо не може да те разниша.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: