“Тоа што не не’ убива, не прави посилни” –рекол Ниче.
Тие се убави зборови, но тоа не е вистина. Се’ што нема веднаш да не’ убие, не’ убива пополека, неприметно. Ја убива нашата добрина и доверба. Нежноста и искреноста. Отвореноста, великодушноста, бистриот поглед и мекото срце…
Измамата, предавството, нискоста, неблагодарноста, суровоста, неправдата, можат веднаш да не’ убијат. Уште и капка по капка,…Ќе бидеме трпеливи, ќе издржиме , раната ќе зарасне. Ќе остане лузна, груба кожа.
И така постепено, со таа кожа се покриваш, а без да забележиш- како се случило тоа ? И можеш да се тешиш самиот – сум станал посилен ! Да. Но во душата е скината уште една жица, уште едно кристално ѕвонче стивнало. Нешто или некој таму, во душата умрел- добра вила или мало ангелче. Тие биле дел од нас.
И веќе точно знаеш, како да одговориш на ударот. Како на суровите зборови. Како да возвратиш, ако е потребно. И точно знаеш, дека можеш и да маваш- онака, за ништо. Наместо благодарност..
И не си воопшто изненаден. Си навикнал на тоа. Си научил или да трпиш или да се браниш. Меѓутоа нешто е неповратно изгубено со секој удар, со секое предавство, разочарување.
Тоа засекогаш заминува и умира. Да, ти стануваш посилен. Но, за сметка на други поважни квалитети. Се’ што нема да не’ убие, едноставно нас не убива веднаш. Но дали ќе не’ направи посилни или нечувствителни ?- Кој знае.
Ни треба помалку, од она што убива. Исто така, ни треба помалку и од оние што убиваат. Бидејќи, тие сепак се убијци. Убијци на туѓите нежни души и добри инстикти…
Leave a Reply