Постои една голема работа која секогаш ни го уништува животот. Очекувањето. Од луѓето, случките, работата. Секогаш нешто очекуваме и секогаш премногу. И од другите и од нас самите. А кога некоја личност, нема да направи како што сме очекувале или кога проектот, нема да оди според нашите очекувања или кога ќе се случи нешто неочекувано, се чувствуваме дезориентирано, рането, повредено во душата.
Сите наши сили се насочени кон очекувањата. Нашето време, нашите мисли, нашата енергија се шмукнати во овој вртлог. Закотвени сме во минатото кое не’ присилува да живееме, во очекување на подробра иднина.
За да се ослободите од овој затвор, решението е едноставно, исто колку што е и комплексно. Да престанете со очекувањата. Внимание, не зборувам за соништата, туку за очекувањата. Соништата – тие се храна на нашата душа, светилник, кој го осветлува нашиот пат, тие се оганот на нашето постоење.
Нив мораме да ги храниме, менуваме, да ги оживуваме, да ги исполниме. Очекувањето значи, да чекате нешто да се случи и да вложите време и животна енергија, во тоа чекање. Тоа е вистински крадец на нашата животна енергија.
Нас не боли, кога некоја личност не се однесува според нашите очекувања, се чувствуваме изгубено, ако некој проект не се реализирал според очекуваното.
Здраво е, да се искуси чувство на дискомфорт, доколку нешто не оди по нашиот план, но фиксирањето на планот, го прави животот стерилен. Наместо тоа, треба да ги исправиме антените на нашата душа, да ги отвориме очите на нашето разбирање и пред се, да имаме доверба во Животот.
Потполна и спокојна доверба во Животот. Животот знае, дали некои работи треба или не треба да се случат, за да научиме големи лекции. Препуштете му ги уздите од своите уверувања, отворете се за ново, поинакво, на она што не го знаете, на неочекуваното.
На крајот уживајте во овој прекрасен подарок, избран со вкус. Сега можете своето патување, да го направите со полесен и повесел багаж.
извор: Svijet pozitive
Leave a Reply