Тргнете ја маската. Вашето лице е прекрасно

Престани постојано да обрнуваш внимание, како се чувствуваш. Како се чувствуваш, тоа е едноставно така. Ќе помине. Чувствата не се под твоја контрола ( освен ако не си многу духовно напреден). Само делата се тие, кои често не’ доведуваат до чувство на задоволство или срамота.

Престани да се грижиш. Таа често ги влошува работите. Што повеќе мислиш за лоши работи, најверојатно и ќе се случат. Олабави ги внатрешните коментари. Ако сакаш да бидеш среќен, престани да си зборуваш себе си, дека си ваков или онаков.

Луѓето постојано се оптеретуваат, што другите за нив чувствуваат и размислуваат. Ние не сме совршени суштества и немаме способност за осознавање, на она што се крие во умовите на другите луѓе.

Осудување на другите, е исто така без врска. Всушност, размисли дали некој се грижи за твоето мислење? Смени го делувањето, ако мислиш дека треба или тоа го можеш. Вината ништо не менува.

Престани да се грижиш што другите мислат за тебе. Луѓето или настаните се токму тоа- луѓе и настани. И ништо повеќе. Освен тоа, луѓето се целосно посветени на себе и немаат намера, да трошат време и да зборуваат за тебе. И ако зборуваат, па што?

Радувај се на искрено и праведно делување, радувај се на патувањето повеќе, отколку на дестинацијата. Не се грижи за тоа, што твојот живот или кариера не одат, како што си планирал. Што повеќе се придржуваш на било кој план, побрзо ќе згрешиш.

Бидејќи светот постојано се менува, секој детално разработен план обично старее многу бргу. Затоа наместо планови, обидувај се работите да ги гледаш такви, какви што се’. Течи како вода.

Не им дозволувај на другите да те користат, за да ја избегнат сопствената одговорност. Ти не можеш да бидеш одговорен, за туѓата среќа или успех, ниту пак ти тоа можеш, наместо нив, да го направиш. Нека се снаоѓаат.

Не се грижи за своето его. Тоа е измислен концепт на илузија.Ти не си вистински Ти. Ти си вечна душа. Спознај го своето вистинско јас.

Извор: mudremisli.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: