Што ме научи тишината?

‘Молчењето е извор на голема сила’ – Лао Це

Што ме научи тишината?

1. Тишината ме научи да бидем среќен со помалку. Одбери нешто што ти е вишок во животот и те гуши, па отпушти го. Твојот живот ќе биде благодарен.

2. Молчењето ме научи, дека само неколку добро кажани, едноставни зборови, имаат поголема сила, отколку часови поминати во дрдорење.

3. Тишината ме научи, да ја почитувам вештината на поврзувањето со други. Следниот пат, кога ќе се видиш со своите пријатели или семејството, обиди се да ги сослушаш. Длабокото слушање покажува длабоко почитување.

4. Тишината ме научи, колку е важно да се елеминираат пречките. Ако некого сакаш и почитуваш, тогаш своето внимание потполно ќе го насочиш кон нив. Без гледање во телефон или ТВ и привидно слушање, на некој што ти значи.

5. Тишината ме научи, на важноста на обликувањето на моите мисли. Земи време секој ден, да ги набљудуваш своите мисли и отпушти ги оние, кои повеќе ти служат.

6. Тишината ме научи, да ја забележам природата. Прошетај накратко надвор во тишина и ќе откриеш, каква мудрост и мир, природата ти нуди.

7. Тишината ме научи да бидам во своето тело. Учењето, да го чувствуваш своето тело, може да го смири твојот немирен ум.

8. Тишината ме научи, дека е важно да ги намалам надворешните дразби. Секој ден, барем малку уживам во тишина. Што помалку гледаш и слушаш, тоа умот ќе ти биде помирен

9. Светот е богат со звуци. Седни пред твојата куќа и затвори ги очите. Ако слушаш доволно долго, ќе бидеш изненаден што слушаш.

10. Луѓето ја покажуваат својата раскошна убавина. Најди добро место да ги гледаш луѓето, со отворено срце. Она што ќе видиш може да те инспирира.

11. Тишината ме научи, дека повлекувањето помага, кога треба да се соочиме со тешките моменти. Следниот пат кога ќе се соочиш со нешто тешко, застани и почитувај го тоа што се појавува.

12. Тишината ме научи, дека љубовта може да биде едноставна. Сети се на некој, многу драг и кажи му дека го сакаш.

13. Тишината ме научи, да бидам храбар, всушнот значи, да бидам мирен. Кога ќе престанеме да се движиме, се’ она од кое бегаме не’ стигнува. Следниот пат кога од нешто се плашиш, застани и причекај да помине. Постои огромна храброст, внатре во срцето.

14. Молчењето не е ‘врескање’, но има огромна моќ да ја издржи ‘тежината’. Следниот пат кога некој ќе се посомнева во тебе, наместо да искажеш несогласување, само тивко вети си дека нема да се откажеш.

15. Тишината ме научи да верувам во себе. Следниот пат кога ќе почувствуваш дека ја губиш вербата, седни во тишина и види дали можеш да го најдеш просторот, каде се наоѓа твојата длабока верба, која всушност, живее во твоето срце.

16. Тишината ме научи, колку е важно да ја зборуваш вистината. Забележи ги моментите, кога зборуваш ситни лаги и обиди се, наместо тоа, да ја кажеш вистината. Не е секогаш лесно, но е прв чекор кон верувањето кон себе си и другите.

17. На крајот од секој ден, седни во тишина и запрашај се, за што си благодарен. Ќе бидеш пресреќен, кога ќе видиш колку благослови ќе пронајдеш.

18. Тишината ме научи, дека едноставноста и радоста, се блиски пријатели. Одбри место во својот дом, кој можеш да го поедноставиш. Ќе видиш и самиот колку тоа радост ти прави.

19.Тишината ме научи, дека зборовите можат да застанат на патот. Направи нешто во тишина, со некој кој го сакаш. На почеток ќе биде чудно, но со времето ќе видиш што значи, кога си во нечија присутност.

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: