Што е неврзаност и како да ја ‘извежбаме’ ?

Една од главните причини, за човечкото страдање во сите духовни традиции е, нашата навика да се врзуваме за работи, луѓе, настани. За да се поштедиме од премногу страдање, потребно е да се разбере поимот врзување и како, да се извежба неврзаност.

Таа не значи недостаток на емпатија, разбирање и сочувство. Неврзување не е недостижна цел, која можат да ја остварат само посветени духовни трагачи- можеме да ја вежбаме во секојдневниот живот и да бидеме во мир, со себе и со другите.

Во Индија постои славна анегдота, за тоа како да уловите мајмун. Ако во голем ќуп, со мал отвор, ставите грст ореви, мајмунот ќе посегне по нив, ќе ги зграби оревите, но раката, не може да ја извади од ќупот. Би било доволно, да ги пушти оревите и да ја извлече ракта. Но, мајмунот не ги пушта оревите од рака.

И додека оваа приказна не’ засмејува, се чини дека не е лесно да се прифати, дека во нашиот живот има ситуации, во кои и сами така се однесуваме. Сами себе се заробуваме, бидејќи не сме подготвени да пуштиме.

За мене тоа беше работата која не ја сакав. Долго време и јас бев заробена, грчевито држејќи ги оревите во ќупот. Имаше многу такви ќупови, но еден од оние кои долго ме држеше заробена, беше работата која не ја сакав, на која не можев да го остварам својот полн потенцијал, не можев да заработувам, онолку колку навистина вредам и не можев професионално да се развивам. Постојано пронаоѓав нови причини, зошто се задржувам на таа работа, а тие секогаш ги негуваа моите стравови: страв дека нема да можам да осигурам егзистенција, сомнеж во успех, за почнување на свој бизнис и уште неброено, многу други дилеми, сомнежи и стравови.

Но, не сме врзани само за нашите стравови. Врзани сме и со своите желби. Во нашето срце и ум, постојано ‘течат’ желби, мали и лесно остварливи, а некои големи, интензивни, опсесивни. Неврзаноста е способност за препознавање на желби, но и одбојност, страв, очекувања и сите силни емоции, кои не’ движат и способност од нив да се помрднеме и малку повеќе да ги набљудуваме. Кога можеме да ги набљудуваме, полесно ќе препознаеме, дека сами себе се заробивме, непуштајќи ги ‘оревите’.

Неврзаност значи, да се препознае, што треба да се пушти и кога тоа, треба да го направиме. Тоа не значи, дека треба да ги прекинеме секојдневните навики. Од нас не се очекува да се откажеме од поседување на материјални работи, семејство, пријателство или кариера. Ставот за неврзување, не значи да се биде незаинтересиран, рамнодушен, емотовно ладен, дистанциран или пасивен.

Токму низ секојдневните навики и работата можеме да ги примениме и духовните увиди и начинот на делување во донесување на правилните одлуки.

Вежба за неврзаност- пратете што ви поминува низ главата. Кога се врзуваме за она што поминува, ќе се изгубиме. Позната е будистичката изрека ‘Пред просветлувањето носев вода и цепев дрва. По просветлувањето носам вода и цепам дрва’. Таа не’ подучува, дека, ако научиме да ја приметуваме неврзаноста, нашиот живот во своите надворешни манифестации ќе изгледа исто. Она што се менува е нашата внатрешна состојба- исчезнува стравот и вознемиреноста, копнежот, одбојноста, очекувањата.

Кога ќе го погледнеме животот околу себе, тешко дека ќе пронајдеме нешто што не е минливо, нешто што ќе трае вечно. Се’ околу нас се врти, се’ е во раѓање и создавање, развој и раст, пропаѓање и умирање. Тоа е универзален космички закон кој го препознаваме во ритамот на годишните времиња, во фазите на сопствениот живот.

Се’ поминува. Но, кога ќе се врземе за она што поминува, порано или подоцна, тоа ќе го изгубиме. Загубата на она, за кое се врзавме ќе создаде страдање. Првиот чекор во вежбање на неврзаност е, сознанието за непроценливата вистина, дека се’ е на минување.

Кога ќе научиме да ги пуштиме чувствата, тие нема да престанат да постојат, само нашиот однос кон нив ќе биде поинаков, затоа што ја разбираме нивната минливост. Не се заплеткуваме во чувствата, создавајќи одбојност кон негативните искуства или желба за позитивни.

Дозволуваме чувствата да се појават и исчезнат, но при тоа не сме драматични и не се однесуваме негативно. Имаме перспектива, јасен поглед на своите чувства. Се’ ова звучи многу разбирливо и едноставно, додека не се соочиме со вистинскиот живот.

Како навистина да извежбаме неврзаност, кога ќе се заљубиме и со друга личност, ќе посакаме да оствариме потполна врска? Мораме да се отвориме и да се поврзиме со друга личност. Како можеме да посакаме успех- да стекнеме диплома, да купиме стан, да добиеме добра работа и при тоа да останеме во состојба на неврзаност?

Тоа се сите вообичаени очекувања, желби на повеќето од нас, желби кои не’ мотивираат да се остваруваме на разни подручја од животот. Како е можно, да се задржи неврзаност кога приметуваме големи општествени неправди имаме во својата непосредна околина- дали е можно да не се налутиме?

Да ве потсетиме: неврзаност не значи, дека сме рамнодушни или пасивни, дека треба да ги исклучиме своите чувства. Светот го гледаме и прифаќаме таков каков што е. Вистинската неврзаност подразбира, дека ќе прифатиме и ќе влеземе во нив. Ако се непријатни, знаеме дека ќе помине, ако се пријатни, во тој момент можеме во нив да уживаме, без очекувања дека ќе траат засекогаш.

Неврзаноста ни помага, да го живееме секој момент од животот, да прифатиме таков каков што е, но истовремено свесни за неговата минливост и подготвеноста да пуштиме. Кога ќе достигнеме некој степен на неврзаност, нема повеќе да зависиме од луѓето и работите за да се чувствуваме среќно, сигурно и успешно. Нема да очекуваме, некоја работа, случка или друга личност да не’ надополни.

Ќе бидеме задоволни со себе, свесни дека се’ што е важно и се’ што е потребно за смиреност и среќа, имаме во себе. Неврзаноста ќе помогне, да престанеме да акумулираме материјални работи. Повеќето од нас, веројатно има многу повеќе отколку што му треба. Кога не се поистоветуваме со своите мисли и чувства, со своите желби и очекувања, можеме да бидеме по опуштени, бидејќи секој нов момент го дочекуваме отворено, со интересирање, спонтано.

Слободни од врзување, повеќе сме присутни во секој момент, кој животот ќе ни го донесе. Ќе имаме чувство на задоволство и целовитост, бидејќи не посакуваме ништо посебно, ќе бидеме среќни во сегашниот момент.

Извор: Sensa.hr

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: