Кој е поважен, вие или другите?

Треба да ги следите најдлабоките желби. Тие се искри на создавањето кои нѐ исполнуваат, мотивираат, оживуваат, ни даваат енергија.

Дали некогаш, едноставно сте знаеле, што ќе направите, каде ќе одите, иако разумот ви зборувал, дека не треба? Дали сте се осмелиле да го направите тоа?

Критикувате, осудувате, ги навредувате другите, плукате по другите, мислејќи дека сте подобри и попаметни од нив! Запомнете, дека коментарот повеќе зборува за вас, отколку за оној, до кој е упатен! Научете да го живеете својот живот! Пратете го чувството.

Ако ви се излегува- излезете, ако ви се пие- пијте, ако ви се љуби- љубете! Тоа е ваш живот! Важно е вашето чувство! Зар е навистина најважно да се родиш, да се школуваш, да работиш цел живот и на крај, да умреш без да уживаш во сите благодети на животот!

Зарем е нормално? На некој можеби му е, но мене сигурно не! Кога последен пат сте играле со песок? Се качувате ли на рингишпил, а “стари” сте за тоа? Му се насмевнувате ли на некој странец? Дали љубите, како да е последен ден од животот? Јасно е, дека она што е нормално за другите, за вас можеби не е и почитувајте го тоа.

Страв ви е, да му кажете на светот, кој сте вие всушност? Зошто? Осуда, критика, чудење, прозивки? Па што? Вие сте вредни и важни! Кој ви е поважен, вие или другите? Бидете во склад со самите себе, бидејќи ние сме Самиот живот!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: