Научивме да разбиваме атоми, но не и предрасуди

Ако сакате да дознаете, што е вистината за нешто, набљудувајте што чувствувате за тоа. Највозвишената мисла е секогаш онаа, која содржи радост. Најјасните зборови се оние, кои содржат вистина. Највеличественото чувство е Љубовта.

Радоста, вистината, љубовта, меѓусебно се надополнуваат и едното, секогаш оди кон другото. Не е важно по кој распоред. Слушај ги своите чувства. Слушај ги своите највозвишени мисли. Слушај го своето искуство.

Ако се случи нешто од тоа, сигурно ќе се разликува, од кажувањата на учителите или она што си прочитал во книгите- заборави ги зборовите. Зборовите се најнесигурни пренесувачи на вистината.

Благодарноста, не може да се користи како средство, за манипулирање со Бог; како лукавство за лажење на космосот. Себе си не можете да се лажете. Вашиот ум, ја знае вистината на вашите мисли.

Ако кажете: ‘Ти благодарам, Боже, на тоа и тоа’, иако цело време е многу јасно, дека тоа не е присутно во вашата стварност, не можете да очекувате, дека на Бог му е помалку јасно и тоа, да ви го создаде. Бог знае, што вие знаете и она што знаете, се појавува како ваша стварност.

Ниту една молитва- а молитвата не е ништо повеќе, од предана изјава на она што е- не останува неислушана. Секоја молитва- секоја мисла, секое тврдење, секое чувство- е креативно. При тоа, силно и’ смета на вистината, до тој степен што многу добро се приметува во вашиот живот.

Најдлабоката тајна на животот е, дека тој не е процес на откривање, туку процес на создавање. Вие не се откривате себе, туку се создавате себе си наново. Потрудете се затоа, да не откривате Кои Сте, туку да одредите, Кои Сакате да Бидете.

Секоја душа е учител- иако некои, не се сеќаваат на своето потекло или своето наследство. Но, секоја душа создава ситуација и околности, за својата највозвишена цел и за своите најбрзи сеќавања- во секој момент наречен сега.

Не постои ништо, што не можеш да бидеш, не постои ништо, што не можеш да направиш. Не постои ништо, што не можеш да имаш. Нешто е добро или лошо, само затоа што ти ќе кажеш, дека е така. Ништо никогаш не е добро или лошо само по себе.

Ништо, ништо не е понежно од природата. И ништо, ништо не е посурово кон природата од човекот. Сепак, вие се одрекувате од своето учество во тоа, ја негирате секоја одговорност. Не е ваша вина, велите и тука сте во право. Не станува збор за вина, туку за избор.

Мислата е чиста енергија. Секоја мисла која ја имате и која сте ја имале е креативна. Енергијата на вашите мисли, никогаш не исчезнува. Никогаш. Таа го напушта вашето битие и заминува во Свемирот, продолжува засекогаш да постои.

Мислата е вечна. Љубовта е крајна стварност. Единствена. Потполна. Чувството на љубов е вашето искуство на Бог. Не постојат случајности во Универзумот. Бог е и во радоста и во тагата, во горкото и слаткото.

Постои Божја смисла за се’ – и Божјата присутност во се’.

Желбата е почеток на секоја креација. Тоа е вистинска мисла. Тоа е величенствено чувство, внатре во душата. Тоа е Бог, во изборот на својата следна творевина. На душата и’ е потполно јасно, дека нејзината цел е развој. Тоа е нејзината единствена цел- и нејзината духовна цел.

Таа не е окупирана со постигнувањето на телото или развојот на умот. Тие се за душата безначајни. Смислата на животот, не е да се стигне некаде, туку да се осознае, дека сме веќе таму и дека таму, отсекогаш сме биле.

Вие сте, секогаш и засекогаш, во моментот на чистото создавање. Смислата на животот е, значи, да создавате- она што сте и тоа, тогаш да го доживеете.

Neal Donald Walsch

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: