Не престанувај да сјаеш. Ја имаш сета љубов во себе, која ти треба

Имаше живот и пред него, знаеш. Всушност, имаше прекрасен живот, пред него.

Сети се на животот, кој го имаше пред Тој, да влезе во него. Светот кој беше во тебе, кој сјаеше така силно, пред Тој да ти го украде мирот. Се сеќаваш ли, која беше, пред Тој да остави пустош, во секое делче од твоето срце?

Постоеше и пред него. Не беше било која. Беше огномет, беспрекорно тело, составено од магија и ѕвездена прашина. Не си глупа и наивна. Добро знаеш дека беше јака, храбра, неуништлива.

Пред Тој да влезе во твојот живот, беше незапирлива олуја. И прекрасна, зарем не? Се сеќаваш на таа жена? Се сеќаваш која беше некогаш?

Однесе дел од твојата светлина. Ја допре твојата душа. Ти го зеде ветерот, кој те туркаше напред, твојата магична насмевка и ги зеде, деловите на твоето срце, а никогаш, всушност не му дозволи.

Но, те молам , верувај дека можеш да се вратиш. Не ти зеде баш се’. Можеш да ја вратиш својата насмевка. Уште имаш многу работи, што не ти се земени, а знаеш дека се обиде.

Знај, дека си прејака да ти го зема кислородот. Ти си сега појака од кога било. Бидејќи сега преживуваш. Жива си. Дишеш без него. Имаш рани, за кои ти треба време да зарастат. Тешко е понекогаш да дишеш, кога предолго мислиш на него.

Но, твоето срце повторно ќе заблеска, твојата душа повторно ќе запее. Се’ ќе биде во ред повторно. Само верувај во тоа. Ако некој зел делови од тебе и посака да се откажеш од се’, она што тој не сфати и никогаш нема да дознае, колку си јака и колку ќе станеш посилна.

Ти ја имаш онаа своја магија, која тој никогаш нема да ја доживее. Можеби го зеде твојот оган, но драга, тој никогаш не можел да го однеси твоето цело светло. Не престанувај да сјаеш. Не престанувај да го осветлуваш светот.

Ја имаш сета љубов во себе која ти треба.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: