Животот на се’ ќе те научи. Уште повеќе ќе те научат луѓето со своето однесување, па ќе сфатиш, колкава е твојата сила и учиш, да не се предаваш на секој удар на судбината.
Роден си со цел, а сите проблеми, кои ти се чинат како планина, кои стојат пред тебе, се препреки кои луѓето ќе ти ги подметнат, а не можат ништо да направат, бидејќи ти нема да им дозволиш.
Заборави на буката од гласови, која до тебе секој ден се пробива, бидејќи знаеш дека луѓето сакаат парче внимание, близина, нежност, но на погрешен начин, бидејќи сите тоа го прават во исто време и на исто место.
Тргни се од луѓето и почни да работиш она што те прави среќен, станувајќи свесен, дека никого не загрозуваш, но и нема да дозволиш, некој да влегува во твојот свет, да те вознемирува.
Некои луѓе ќе бидат лоши со тебе, не им дозволувај многу да ти се доближат, освен ако директно не влегуваат во твојот простор. Можеш да се правиш, дека не си слушал, тоа што си слушнал и дека не си видел, тоа што си видел, а тие пак, она што посеале, тоа и ќе жнеат.
Никој нема и не мора да дава извештај за својот живот, само треба да работи она што мисли, она што за него е најдобро. Престани сам себе да се оправдуваш, за силата која ја имаш, а не ја користиш, со изговор дека не е вистинско време да бидеш, најдобар што можеш.
Можеш да бидеш јак кога ќе посакаш. Зошто тоа не го направиш сега? Можеш да бидеш свој кога сакаш. Немој еднаш да зажалиш за работите, кога се’ ќе биде доцна. Како и да е, можеш да преживееш кога сакаш, не е до другите, до тебе е, колку си подготвен да издржиш и да одиш напред.
Leave a Reply