Пред да почне ново поглавје во животот, мора да заврши старото

Човекот мора да знае кога на едно поглавје му доаѓа крајот. Ако инсистираме да останеме подолго, отколку што е потребно, ја губиме среќата и значењето на другите ситуации, низ кои треба да поминеме.

Затворање на циклус, затворање на врата, завршеток на поглавје- како и да го наречеме, значи, да ги оставиме во минатото работите, кои се завршени.

Можете себе си да си кажете, дека нема да направите ниту еден чекор, додека не дознаете зошто некои работи, кои ви биле толку важни и цврсти во животот, одеднаш се претвораат во прав.

Но, таквиот став, ќе биде ужасно стресен за вашето опкружување: за вашите родители или сопружници, вашите пријатели, вашите деца, вашата сестра. Сите ги завршуваат поглавјата, свртуваат нов лист, продолжуваат со животот. И сите тие ќе се чувствуваат лошо, гледајќи ве парализирани..

Работите поминуваат и најдобро што можеме да направиме, е да ги пуштиме да одат ( колку и да е болно). Се’ ова во овој видлив свет е манифестација на невидлив свет, за она што се случува во нашите срца и ослободување од одредени спомени, исто така значи создавање места за нови.

Пуштете работите да одат. Ослободете ги. Одвоете се од нив. Никој не ги знае точните правила на играта на животот, затоа некогаш добиваме, понекогаш губиме.

Раздвижете се. Не очекувајте ништо за возврат, не очекувајте вашите напори да се почитуваат, вашиот талент да биде откриен, вашата љубов сфатена. Престанете да вклучувате на емоционално ниво, една те иста сцена повторно и повторно, онаа која покажува колку страдате поради одредена загуба: тоа единствено ве труе вас, ништо повеќе.

Ништо не е поопасно, од неприфаќањето на љубовните односи кои сте ги прекинале, работата која ви е ветена и не постои идеално време за одредени почетоци.

Пред да почнете ново поглавје, мора да заврши старо. Кажете си себе си, што поминало, не може да се врати. Сетете се дека имало време, кога можевте да живеете без работите или личноста, навиката не е потребна.

Ова може да звучи така очигледно, може дури да биде тешко, но тоа е многу важно. Затворање на циклуси. Не поради гордоста, неспособност или ароганција, туку едноставно поради тоа што повеќе не се вклопува во вашиот живот.

Затворете врата, свртете ја плочата, исчистете ја куќата, истресете ја прашината. Престанете да бидете она што сте биле и променете се во она што сте.

Паоло Коељо

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: