Пријатели се оние ретки луѓе, кои те прашуваат како си, а потоа чекаат на одговор

Колумна на Елизабет Гилберт писателка ( ‘Јади, моли, сакај’)

Пред дваесетина години јас и моја пријателка, седевме на вечера во еден мексикански ресторан, и одеднаш таа ме запраша: -‘Лиз, може ли да бидам брутално искрена кон тебе?’ Тогаш бев толку наивна па и реков: – ‘Се разбира, дека можеш’.

Во тој момент, пријателката ми извади нож од чантата и ми го заби меѓу ребрата. Ми рече дека сум себична и мрзлива, дека веројатно нема никогаш да бидам успешна писателка и дека, никој не го сака моето момче. И да, за крај додаде, дека и фризурата не ми е баш најдобра. Наводно, мојата вилица е преголема за боб фризура и поради тоа, лицето ми изгледа чудно и неурамнотежено.

Додека земав воздух над тортиљата, пробувајќи да го застанам, внатрешното емоционално крварење, мојата пријателка ја подаде раката, да го помести лутиот сос од масата и ја стави раката преку мојата, за дополнително да ја истакни важноста на своите зборови.

-‘Јас сум единствената личност, која доволно те сака, за да ти ја каже вистината, рече таа. Затоа е важно да се држиш до мене. Сите останати само ти се умилкуваат’.

Еве уште еден пример, на мојата наивност во дваесеттите. Јас навистина и’ поверував. Ја задржав во мојот живот и наредните пет години. Кога и да требаше, да се соочам со тешка одлука или кога и да ми беше потребно туѓо мислење, јас и се обраќав неа, во потрага по брутална вистина, а таа воодушевено ќе ми ја дадеше, ставајќи ја маската на крвник, кој ужива во моето страдање.

Зошто постојано и се враќав, за дополнително нејзино злоставување ? Бидејќи верував, дека нејзината искреност ме држи на земја, додека всушност само ме осакатуваше. Интересно е тоа, што во процесот на создавање професионален успех (оној што таа рече, дека никогаш нема да го доживеам) сфатив, колку се нејзините критики штетни за мене.

И покрај нејзините прогнози, со текот на времето, јас станав позната писателка. Кога одлучив, своите дела да ги споделам со светот, морав да научам да се носам со критиката. Полека но сигурно, сфатив, дека не мора да ја уважувам сечија критика. Со текот на годините, научив да трагам по читатели, кои можат да го подобрат моето пишување. Смислив четири прашања, кои ми помогнаа да одлучам, кој ќе има увид во моите дела, додека беа во најранливата фаза.

Верувам ли во вкусот и судот на таа личност? Разбира ли, таа личност, што сакам да кажам ? Дали таа личност, сака јас да успеам ? Дали таа личност е способна, на нежен и сочувствителен начин, да ми ја каже вистината? Доколку не можев, потврдно да си одговорам на овие четири прашања, тогаш немаше да и дозволам на личноста, да ги чита моите дела. Најважно беше четвртото прашање, бидејќи ( на потежок начин) за читателите и критичарите кои ми ја нудеа, бруталната вистина го научив следново:

Секогаш беа повеќе брутални, отколку искрени. Кога и да нуди некој брутално искрено мислење, тој вушност сака да рече – ‘Те молам, дај ми шанса да те уништам!’

Вистината кажана без доза на добрина, не беше добра за мојата работа. Суровоста само ме поттикнуваше, да не пишувам и да се сокријам од сите.

Кога почнав својата работа, да ја држам подалеку од такви луѓе и кога пронајдов сочувствителни читатели, се подобри и моето пишување. Најдоброто е, што тие четири прашања, научив да ги употребувам и за критиките, на мојот приватен живот.

Ако сакате да ви се отворам, морам да знам, дека вие навистина сакате јас да успеам, и најважно од се, дека сте способни да сочувствувате, додека ми ја кажувате вистината. Кога почнав да се опкружувам со такви луѓе, успеав да го насочам мојот живот, во подобра насока и да создавам поубава приказна за сопственото постоење.

Тоа значи, дека најпосле дојде денот кога пријателката, крвничка, ме праша: ‘Може ли да бидам брутално искрена со тебе ?’ , а јас и одговорив: ‘По ѓаволите, не! Не грижете се, и’ го кажав тоа на поубав начин. Бидејќи тоа е единствениот начин кој поминува.

Елизабет Гилберт

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: