Нема повеќе да ја играм улогата на жртва. Јас заслужувам да бидам повеќе од тоа. Морам да бидам повеќе од тоа

Немам време да бидам тажна и поразена, бидејќи сум зафатена со љубов. Не го правам тоа повеќе. Никогаш нема да изгубам драгоцени солзи, поради човек кој очигледно не ги заслужува.

Нема повеќе да дозволам, некој да ми го скрши срцето, за да ме уништи. Нема повеќе да ја играм улогата на жртва. Јас заслужувам да бидам повеќе од тоа. Морам да бидам повеќе од тоа.

Никогаш нема да плачам, поради човек кој ми нанесува болка. Нема да му го дозволам тоа задоволство, да знае, дека тој е причината за моите солзи. Никогаш нема да дозволам, маж да ме види како плачам, бидејќи знам, дека тоа му дава чувство на моќ, кое не го заслужува воопшто.

Плачев пред мажи во минатото и тој луксуз, не требаше да си го дозволам. Никогаш не сакам да бидам во позиција, на некој да му нанесам болка. Никогаш не сакам да бидам таа девојка. Не сакам да играм на слабост.

Мојата ранливост и тага, никогаш нема да послужат како потикнувач на егото на некој бесчувствителен човек. Има толку други работи на светот, кои се вредни за моето сочувство и емпатија. Постојат многу други работи, кои ги заслужуваат моите солзи- погрешен маж, не е една од нив.

Всушност, не треба да плачам воопшто, јас не сум таа која губи; тој е губитникот. Ја пропушти убавата прилика, да биде со прекрасна жена, која сакаше со сето свое срце. Тој треба да плаче, што изгуби жена која никогаш и не ја заслужил.

Јас сега, морам да станам, по нередот кој го направи. И сигурна сум дека ја научив лекцијата.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: