Чекате ред на каса, кога одеднаш почнува чукање на срцето, зголемено потење, вртоглавица или матен, замаглен вид, необични промени во телото и безброј страшни мисли во главата.
Ако некогаш сте се сретнале со ваква ситуација, многу добро ви е познато, за што станува збор. Напад на паника. Во денешно време, речиси секоја трета личност, ќе доживее некој напад на паника или барем некаков вид на анксиозност. Таа се дефинира, како состојба на уплашеност или страв, која ќе предизвика претчувство на вистинска или замислена опасност, случувања или ситуации.
Преголема доза на анксиозност доведува до напад на паника. Во одреден момент, кога телото е ментално, емоционално и физички исцрпено, се појавуваат напади. Најчести причини за напади на паника се:
– Потиснување на емоции. Понекогаш личноста може долго време да биде изложена на стрес, висока доза анксиозност, потиснување на емоции, па во одредена животна фаза, се појавуваат напади на паника.
Потисната лутина или тага, може да биде почетна точка за нивниот развој. Секако, тоа не се појавува преку ноќ. Може да се случи, таа личност со години да собира во себе некои емоции, пред да почне да покажува симптоми, кои се карактеристични за нападите на паника.
Страв – овде не станува збор за класичен страв, нешто што ќе не’ уплаши или кога повремено ќе се исплашиме нешто да не се случи. Овде се работи за ‘страв од страв’. Личноста во својата глава, има најстрашни можни сценарија, кои можат да се случат, кога ќе тргне нападот на паника.
Најчесто тоа е страв од смрт, страв од посрамотување, страв од губење на контрола, паралелно со тоа знаат да се појават напади на паника. Кога не дозволуваме, работите да се одвиваат по свој тек и се’ сакаме да држиме под контрола, толку многу го зголемуваме нивото на анксиозност во своето тело, што тоа, не може да издржи. Тогаш доаѓа до распад на системот, односно напади.
Умор- овој фактор значи неспиење, неправилна прехрана и недостаток на земање на вода, што може силно да придонесе за напад на паника. Кога сме исцрпени физички, емоционално и ментално, телото едноставно повеќе не може да испраќа аларм.
Факти кои треба да се знаат за нападите на паника:
Поголемиот број на луѓе претпоставува, а многу малку знае за овој проблем. Најчесто се плашат, а всушност не ги знаат фактите и спротивно на тоа, веруваат во лажни уверувања. Најчести лажни уверувања:
‘Од тоа можам да полудам’. При напад на паника, личноста знае да се уплаши, дека ќе полуди или дека полудува од тоа доживување. Меѓутоа и покрај сите мисли во главата, од напад на паника не може да се полуди. Личноста која доживува напади на паника, потполно е ментално здрава, само моментално има пореметување кои укажува, дека во неа нешто вришти и бара внимание.
‘Некаде надвор, ќе паднам во несвест’. Прво да објаснам од научна страна, зошто не можете да паднете во несвест, иако ви е такво чувството. Кога ќе почне нападот на паника, вашето срце забрзано чука и низ телото (и главата) циркулира свежа крв и мала е веројатноста, дека ќе паднете во несвест. Иако сензациите понекогаш се толку јаки, што ви се чини дека ќе паднете секој момент.
‘Ќе изгубам контрола’ . Овде личноста може да се плаши, дека ќе изгуби контрола над себе и дека нешто страшно ќе се случи. Никој нема да може да му помогне, ќе умре и сл. Како што веќе реков, кога ни се чини, дека немаме контрола во својот живот, тогаш тоа се манифестира низ телото. Исто така, многу пати кога криете нешто, а тоа не можете да го контролирате во животот, телото создава напади на паника.
‘Срцето ќе ми застане’ личностите кои се плашат дека ќе доживеат срцев удар, бидејќи отчукувањата на срцето, може да се многу јаки, во период кога се борите со овие напади. Но, нашиот парасимпатичен нервен систем, одговорен за враќање на мирот во телото, многу брзо по ‘врвот’ на нападите, го враќа телото во рамнотежа и на ист начин, отчукувањата на срцето се нормализираат.
‘Губам врска со стварноста’. На некои луѓе може да им се чини, дека губи врска со стварноста. Ова се случува, поради јаки сензации во телото како и мислите кои поминуваат низ главата.
Верувам, дека некогаш сте се сретнале со напади на паника и веројатно сте испробале, некои од овие три техники:
‘Диши длабоко и смирено’ – ова не делува затоа што во моментот кога почнува нападот на паника и ќе почнете да дишете, телото ќе се збуни и чувството на паника, може да се зголеми во моментот, кога сакате да се намалува. И забораваме, дека токму длабоко, смирено дишење, може да доведе до вртоглавица во главата, а со тоа нападот на паника се зголемува наместо да се смири.
‘Размислувај позитивно’. Оваа е втора техника, која многу ја користат, но, тешко е да се занемарат, сите мисли и слики, кои се создаваат во главата во неколку секунди, за да се префрлат мислите на позитивно размислување.
‘Пробај да го игнорираш нападот на паника и остани смирен’ – Не е можно да се игнорира, кога вие вистински го чувствувате. Тоа е исто, кога тигар доаѓа кон вас, а вие се правите, дека го нема и го игнорирате. Можеме да пробаме да го излажеме умот, но телото несвесно и понатаму ќе реагира како да е вистина. А вистина е, дека имате напади на паника, без оглед, што другите тоа не го гледаат и што се одвива само во вас.
Што да се направи кога ќе дојде нападот на паника? За почеток е потребно да се освести, дека нападот на паника всушност не доаѓа. Со други зборови, нападот на паника е само посилно доживување на чувствата и сензациите во телото. Тој се создава во вас, доаѓа од вас, па затоа можеме да кажеме, дека на некој начин сами го создавате.
Ако ја земеме оваа претпоставка како вистина, тоа значи, дека вие исто така нападите можете да ги прекинете. Треба да работите на своите емоции, да ги пуштите аспектите во својот живот, со кои не сте задоволни и со создавање на подршка во себе, ќе можете да направите нападите да се намалат.
Првиот чекор е признавање, дека нападот се случува. Тоа значи, дека не се обидувате да негирате, игнорирате. Тој е показател, дека мора да излезе нешто, што ве гуши одвнатре, што повеќе не може да се сокрие, ни од вас, ни од другите.
Вториот чекор по признавањето: ‘Во ред, стигнува нападот на паника’. Опишете го во својата глава, како што е во стварноста. Значи, се што во дадениот момент се случува ( ми чука срцето, ми потат рацете, имам чудни мисли итн) освесте ги и кажете ги, во себе без преувеличувања или смалувања. Кога така ќе си направите, себе си ќе си објасните, што е и како е навистина.
Третиот чекор е ‘ добродојде’ и барање тоа чувство да се зголеми. Значи, кога ќе тргне нападот на паника, можете во себе да си речете: ‘А-ха, еве сега се појавуваш. Добредојде, ајде биди уште малку појак, што повеќе можеш’. И кога ќе се обидете да го зголемите, ќе видите, дека тоа е невозможно, тој всушност се намалува, односно сензациите во телото се намалуваат.
Луѓето, најчесто бегаат од сите ситуации, само да го избегнат нападот, но тоа не е решение. Не можете, цел живот да бегате, еднаш ќе мора да се соочите со тоа.
Марта Краваршчан
Извор: atma
Leave a Reply