Ако сте осамени кога сте сами, тогаш сте во лошо друштво

Понекогаш самотијата може да биде единствено нешто што ви е потребно, за да почувствувате колку вашето срце е слободно и сигурно.

Милиони луѓе на овој свет бараат наклоност од другите луѓе, а притоа забораваат на својата душа, во целиот овој процес. Зошто се плашиме да бидеме сами? Зошто не можеме да поминуваме повеќе време во сопствената кожа? Зошто велиме, дека ни се потребни други луѓе за да бидеме среќни?

Чувствата на неизвесност и осаменост, се неверојатно потребни за здрав и убав живот. Добро е да поминуваме време во самотија, бидејќи тие моменти ни даваат прилика да откриеме кои сме ние всушност и на кој животен пат сме.

Еве неколку работи кои ви се потребни кога се чувствувате осамено и изгубено:

Не си единствен кој е сам.

Многу од нас ја водат истата битка како и вие. Сите сме во ова. Значи, колку и да се чувствувате чудно за сопствената ситуација, знајте дека милиони луѓе ги доживуваат истите емоции. Понекогаш самотијата ни е повеќе од потребна. Понекогаш мора да бидете сами, за да си ги исчистите мислите, за да направите планови и да сфатите што ви треба во животот за да бидете среќни.

Со други зборови, во моментите кога се чувствувате сами, значи дека ви е потребно да бидете сами. Потребна ви е самотијата, бидејќи кога ќе останете сами, тоа е единствениот момент, кога се одвојувате од сите обврски и можете да слушнете, што ви вели вашата интуиција.

Понекогаш мора да се чувствувате малку изгубени, за да го пронајдете она што го барате. Се додека не се изгубите во овој свет, не можете да почнете да го барате вистинскиот пат во својот живот. Моментот кога ќе сфатите дека се чувствувате изгубено, е првиот чекор кон оној живот, кој го сакате.

Без оглед на ситуацијата, вие избирате со кои чувства ќе одговорите. Одлучете, барем за момент да размислувате позитивно. Сфатете, дека поголемиот број од вашите проблеми и несреќи, не ги одредува околноста во која се наоѓате, туку вашиот однос кон тие околности.

Среќна личност, не е личност која е секогаш во добра ситуација, туку личност, која во секоја ситуација секогаш има добар став. На крајот, се е важно – секој ваш мал чекор, секое жалење што го имате, секоја борба што ја водите и секоја насмевка што ја покажувате. Сите моменти низ кои поминувате ви помогнале, да стигнете таму каде што моментално се наоѓате. Сето ова ве направило посилни, ве научило важни животни лекции, ве обликувало и ви помогнало да станете ваша најдобра верзија.

извор: pozitivan stav

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: