Ако ја сретнеш вистинската жена, што Бог ја испарати за тебе -не ја пуштај !

Ќе ја изгубиш жената која Бог ти ја испрати, ако не ја запреш и не ја поздравиш. Таа е можеби поинаква, уникатна, застрашувачка и фасцинантна, но ништо не е така болно, како загубата на таква жена, само затоа што не си се преставил.

Ќе ја изгубиш, ако се правиш недопирлив. Таква жена, вистинска за тебе, нема време да лови мажи, бидејќи е зафатена со остварување на своите соништа. Нема да губи време на оној, кој не сака искрено да губи време со неа. Таа не е безобразна, не е арогантна, таа само го штити своето срце. Тоа било скршено илјада пати и затоа, немој да го изгубиш пред да го освоиш.

Ќе ја изгубиш вистинската, ако ги криеш своите емоции. Таа не мисли дека си силен, ако задржуваш се’ во себе. Таа мисли, дека си најубав, кога не се плашиш, да се разоткриен и да бидеш човек.

Таа не сака да погодува што чувствуваш, сака да запознае се’ што нудиш. Таа го чувствува животот на подлабок начин и и’ треба некој, кој е ист како неа.

Ќе те љуби со сето срце, ако ја третираш како жена, а не како чудо на природата. Таа знае дека е рамноправна, моќна и дека може, без нечија помош, да поместува планини. Вистинската за тебе, не е неподнослива феминистка, но, ја знае својата вредност и своите способности и нема да дозволи на никој, тоа да и’ го земе.

Ќе ја изгубиш вистинската жена, ако ја понижуваш. Таа бескрајно се трудела, да изгради своја самодоверба, своја кариера и односи. Нема да биде покрај некој, кој не ја подржува. Таа можеби нема да ти го кажете директно, бидејќи е свесна како другите се чувствуваат поради тоа, но таа нема да се зближи со некој, кој не ги гледа нејзините постигнувања.

Ќе ја изгубиш ако не ја почитуваш. Таа знае што значи тишина и знае да препознае успатни коментари. Таа знае како да се почитува самата себе и нема да толерира некој, кој не го знае тоа исто.

Ќе ја изгубиш ако ја молиш. Таа не бара некој, кој ќе ја моли. Таа посакува некој кој ќе се бори, некој кој е одлучен како и таа, некој кој точно знае, како да се бара простување и како истото да се даде.

Ќе ја изгубиш ако едноставно ја пуштиш. Таа не е како другите жени. Нема да се врати ползејќи. Нема да ти предизвика драми. Ако очекуваш, дека ќе се однесува како другите жени, се лажеш. Таа мирно ќе гледа како ја пушташ. И затоа, ако некогаш освоиш вистинската жена што Бог ја испарати за тебе, не пуштај ја.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: