Морган Фримен еднаш рекол: ‘Да имав толку голем успех порано, веројатно многу лесно ќе изгорев во тој успех’.
Се’ во животот навистина си има свое време. Веројатно проблемот е во тоа, што ние тоа не можеме да го прифатиме и да бидеме доволно трпеливи, за тоа што времето во нашиот ум, не може секогаш да се прилагоди на времето во стварноста (реалноста).
Кога човек повеќе би водел сметка за процесите кои бараат свое време, веројатно не би се откажувал од своите соништа толку брзо бидејќи, ќе сфати дека сите препреки имаат една подлабока причина.
Колку од нас, би сакале да ги завршат студиите набрзина, да имаат добро воспитани деца, успех на работа, квалитетни односи со другите, но, стварноста која е полна со конфликти, порази, промашувања често не остава без здив. Обидувајќи се дадеме што повеќе од себе, за да успееме што побрзо, сфаќаме, дека не е се’ во нашиот труд. Животот не може да се забрза.
Станувањето човек не може да се забрза, човек стануваш тогаш кога си подготвен за сите предизвици.
Но, ние сме склони да бараме пократки патишта, помагала кои ќе ни ги остварат нашите цели, без да дојдеме до нив. Сакаме да имаме доверба, без доволно вложување во некој однос, сакаме да имаме здравје, иако правиме работи со кои го ослабуваме, сакаме сила и моќ иако не сме доволно посветени и дисциплинирани на работите кои ја зголемуваат.
Затоа, секоја промена која треба да се случи, прво треба да се случи во нашиот ум, за да сфатиме, дека иако можеме да се излажеме самите себе, не можеме да го излажеме животот.
Со животот управуваат закони и правила, вредности и уверувања и тоа е промена, која бара од секое делче од нашето битие, да изумре онаа стара клетка и да се замени со нова. Не можете да станете нови луѓе, доколку сте со сите синџири врзани, за своите стари и погрешни уверувања и ставови, па се плашите од промените.
Вашите соништа ќе заживеат тогаш кога ќе престанете да ги забрзувате работите, кога ќе го прифатите планот на животот, сфаќајќи дека светот сеуште ќе ви дава лекции, за кои веројатно сеуште не сте подготвени.
извор: Pozitivan stav
Leave a Reply