Времето на нашата животна радост е единствено, вистински проживеано време

Ова е приказна за еден човек, кој ќе го наречам Трагач. Трагач е некој кој трага, кој бара, но, не мора и да го најде она, по што трага. Тоа е некој, кој не мора ни да знае што бара. Тоа е просто човек, кој има живот за трагање.

Еден ден, еден Трагач тргнал за градот Камир. Бил подготвен да ги бележи сите чувства, кои допираат од непознати места, до него самиот. Одеше два дена по прашливи патишта и на крајот, го здогледа градот Камир.

Пред да стигне до самите капии на градот, вниманието му го привлече едно ритче, десно од патот, покриено со чудно зеленило и многу пролетни цвеќиња. Од сите страни ридот беше ограден со лакирана ограда.

Бронзена врата на влезот, го намами да влезе. Почувствува, дека заборави на градот. Одлучи малку да се задржи на тоа место. Ја помина бронзената врата и пополека почна да се движи, помеѓу белите камења кои лежеа расфрлани по земјата.

Неговиот поглед поминуваше како пеперутка по секој детал во шарениот рај. Имаше очи на трагач и можеби затоа и откри натпис на еден бел камен: Абдул Тарег, живееше 8 години, 6 месеци, 2 недели и 3 дена. Малку се вознемири кога сфати, дека тој камен воопшто не е камен, туку надгробна плоча.

Се растажи при помислата дека тука е погребано многу мало дете. Свртувајќи се околу себе, забележа, дека на соседниот камен исто така стоел некој натпис. Се приближи до каменот и прочитал: Јамир Калиб, живеел 5 години, 8 месеци и 3 недели.

Тогаш Трагачот се вознемирил. Тоа прекасно место, всушност биле гробишта, а секој камен- надгробна плоча. Една по една, почнал да ги чита. На секоја плоча, стоеше одреден натпис: име и животен век.

Го обзеде ужас, кога прочита дека најстарото дете, кое е тука закопано има едвај 11 години. Стариот управник на гробиштата, кој случајно тука помина, го здогледа непознатиот човек и тргна кон него.

Некое време го набљудувал како плаче, па го праша дали оплакува некој свој близок. – ‘Не не плачам за некој свој’- одговори Трагачот. ‘Што се случува со овој град? Каков ужас се случува овде? Зошто има толку мртви деца, закопани на ова место? Какво страшно проклетство се надвило и ги натерало да направи гробишта за деца?’

Старецот му одговори: – ‘Смирете се, нема никакво проклетство. Се работи за тоа, што кај нас постои еден древен обичај. Дозволете да ви појаснам: кога некое дете ќе наврши 15 години, родителите му подаруваат една многу мала тетратка, како оваа што ја носам околу својот врат. И кога нешто многу ќе го израдува, тој треба да ја отвори таа тетратка и да запише: лево, тоа што го израдувало и десно, времетраењето на радоста:- Запознал девојка и се заљубил во неа: колку траеше таа неизмерна страст и радост? Една седмица? Две? Три и пол? ….Запиши

Возбуда при првиот бакнеж? Колку траеше? Минута и пол, колку и бакнежот? Запиши

– Бременост и раѓањето на првото дете? – Патување од соништата? Средба со братот кој доаѓа од далека земја? – Колку траеше радоста на сите тие случувања? Со часови? Денови?

И така, ние во нашите мали тетратки, го запишуваме секој момент на нашите радости….Секој момент. Кога некој ќе умре, имаме обичај да ја отвориме неговата тетратка и да му го собереме, сето време на неговата животна радост и да запишеме на гробот .Затоа што веруваме дека тоа е единствено, вистински проживеано време.

‘Трагач’

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: