На крајот, не се брои колку била јака болката, туку што сме направиле од себе кога престана

Вие, кои сте почувствувале заедништво, а потоа ве оставиле. Вие, кои сте го дале најискрениот дел од себе, а потоа ве изневериле. Вие, кои игравте фер, а потоа ве изиграа, што ги чувавте другите, а потоа ве повредија. Градевте дом, а останавте сами.

Вие…изгребани, ранети, скршени, безволни, уморни, измамени. Се знаеме….

Како што се знаат верници на аџилак или подобро соучесници во злочин. Се препознаваме, како што се препознаваат оние, кои се на тајна задача, со некои само за нив познати сигнали. Умееме да се намирисаме меѓусебно, како што планот умее, да ја намириса неволјата.

Од исто сме племе, од ист материјал. Од ист мрак сме дојдени, на слични места напукнати, со слични облоги, раните ги лечиме. Зад исти маски ги криеме нашите таги, а со исти бои ги упиваме усните во лажни насмевки.

Ја знаеме кореографијата на ранетите, па се откриваме меѓусебно со погледи тажни, омилена книга или песна, која ја учиме во кафана. Ние сме оние живи суштества, на кои темнината не им е страна. Во тој мрачен агол на свемирот, блиску до слабоста, а далеку од храброста, со малку заостанат оган во себе, ги топлат своите лузни, додека ги кријат, во својата осаменост.

Тука никој освен нас не оди, никој ништо не прашува, никој ништо не го интересира. Тука сме на сигурно, ушушкани во сопствената осаменост.

Се знаеме.. Болеше. Траеше. Ќе помине. Одиме понатаму. Не знаеме каде, ниту некогаш ќе знаеме јасно, но научивме, дека патот ќе води на погрешно место, ако одиме, само за да им удоволиме на другите.

Ќе сакаме повторно. Не знаеме кога, ниту наскоро ќе дознаеме, но научивме, дека не постојат погрешни љубови, туку погрешни избори кои ги нарековме Љубов. Се надеваме. Не знаеме точно на што, не е тоа лесно да се открие, но веруваме дека има подобро, бидејќи подлабоко дно, од она, каде што бевме- не постои.

Затоа знаеме како се оди во мрак, дише на шкрги и како да се ориентира, само со она малку што останало во нас. Тогаш ќе ги засакаш проблемите, бидејќи ќе те научат на преживување, па секој ден станува благослов.

Скршените, кои не дозволуваат од нивните оштри делови, никој да се исече, борци кои живеат со внатрешната војна со себе, но очајнички заговараат мир со другите, тажните кои плачат, додека се сами, но, прават се’ за другите да се насмеат- нив ги слушам.

Оние кои покажуваат мрак, длабочини и самници, најдобро знаат како да ја вреднуваат светлината, пространството и другарството. Нив ги гушкам појако, ги чувам почесно и ги слушам посветено.

На крајот, не се брои колку била јака болката, туку што сме направиле од себе кога престана. Дали не’ научи наосвестената љубов или осветата.

Блогдан

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: