Не суди според она што го гледаш

Бог вели: ‘Не можеш да имаш ништо од тоа што сакаш’. Бев збунет кога Бог ми го кажа ова и реков: ‘Не разбирам’. Мислев, кога посакуваш, кога нешто ти треба и се надеваш на нешто, го молиш Бог за тоа.

Бог рече: ‘Не, ти не разбираш како функционира системот, дури и кога би постоел систем. Тоа вака функционира. Кога и да побараш, она што го посакуваш сега или пак бараш нешто за во иднина, ти го имаш всушност уште сега. Сето тоа го имаш. Само го немаш искуството од тоа.

Бидејќи, се’ што некогаш се случило или допрва ќе се случи, се случува токму сега. На тебе е само да се пуштиш кон морето од бесконечни можности и да ја повикаш реалноста, која одбираш да ја искусиш сега.

Кога го правиш тоа, ти привлекуваш од морето на бесконечни можности, реалност која одбираш да ја искусиш моментално, воглавно преку три уреди- мисла, збор и дело. Тоа е она што го кажуваш, што го мислиш, во што веруваш и се разбира она што го правиш.

Ако речеш: ‘Те молам да го доживеам она што ми е денес потребно’, ќе ја искусиш борбата, настојувајќи да го доживееш, тоа што ти е денес потребно за да преживееш, бидејќи твојата изјава доаѓа од длабока мисла за исходот –дека ти тоа го немаш.

Инаку, ти не би го барал тоа. Таа мисла за исходот, ‘Разговорите со Бога’ ја нарекуваат покровителска мисла која има големо влијание на создавањето на твојата реалност, од момент во момент. Затоа ако нешто бараш или кажеш, дека нешто посакувате…Ќе употребам пример ‘Посакувам повеќе пари’.

Навистина сакам повеќе пари во мојот живот, Вселената има само еден одговор на таква изјава: ‘Ти навистина тоа го сакаш’. Тоа е точно. Вселената вели само Да. Простете ми, знам дека за многу од нас, тоа е многу важно, но само основното да го појаснам.

Вселената има универзален одговор, на секоја мисла и тој одговор е Да. Бог знае само еден збор Да. Бог има многу ограничен речник. Бог вели- да. Да. Да. Да- на што ?

На што и да мислиш, кажеш или направиш, Бог вели Да. Позитивната страна на тоа е што Бог, никогаш не вели Не. Негативната страна на тоа, за оние што не знаат како функционира системот, е тоа што Бог секогаш вели Да. Ако речете Доста ми е од тоа, каков е моментално мојот живот ! Бог вели Да, тоа е вистина !

Ако кажеш: ‘Посакувам повеќе пари’- Бог вели: ‘Навистина. Ти посакауваш пари, тоа е вистина’. И вие ќе го имате искуството на сакање поголема количина пари, бидејќи вие го изјавувате тоа што е за вас вистина – Јас сакам повеќе пари.

И така, всушност ќе се разубедите себеси, од она во што се обидувате да се убедите. Не би сакал да мислите, дека се работи за избор на правилни зборови и дека треба да внимавате на граматиката и да се грижите за секоја буква, која излегува од вашата уста.

Потребно е да погледнете длабоко во покровителската мисла, која е во темелот на идеата, од која призлегуваат вашите зборови. Тоа треба да го погледнете. Или да го кажам ова со поинакви зборови- ако доаѓате од недостаток и од мисла, дека нема доволно, и те молам, дали може да добијам повеќе, како прво треба да ја надвладеете вашата мисла дека немате доволно.

Тоа е многу тешко, бидејќи тоа е вашата основна мисла. Некој може да каже Нил, тоа е многу симпатично и добро, освен кога целото искуство на личноста е дека нема доволно, како таа личност може да има друга мисла освен таа?

Како очекуваш од личноста да има некоја друга мисла, кога цело нејзино искуство и она на што и сведочат очите е – дека нема доволно? На тоа мајсторот ќе го одговори, исто што и секој мајстор некогаш го рекол , на свој начин и во свое време: ‘Не суди според она што го гледаш’.

Нил Доналд Волш

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: