Каде лежат нашите вистински вредности, кои ни помагаат да стигнеме до целта? Како да се разбудат тие вредности, за да почнеме да освојуваме нови светови?
1. Квалитети на личноста
Не постојат лесни цели. Целта е точка на постигнувања, која бара труд и пожртвуваност. Не постојат важни потфати кои се вредни за вашето учество, а да не бараат одредено ниво на напор и борба. Децении од овој момент, нема да се сеќавате на ‘лесните’ денови, туку ќе ги цените моментите, кога сте се издигнале над тешкотиите и сте оствариле големи цели. Силата која ќе ја пронајдете во себе, ќе ви дозволи да постигнете нешто што ви се чини невозможно.
Не го правете она што е лесно, туку она за кое сте способни. Изненадете се од квалитетот на вашиот карактер.
2. Искреност и вистина
Личниот раст и развој можат да бидат исклучително корисни, но само тогаш, кога процесот на промени се темели на искреност и вистина. Кога не сте автентични некаде во животот или со некој во вашиот живот, секој обид за раст и развој на крајот доведува до бес и фрустрации. Вистината секогаш ќе го најде патот до вас; таа не престанува да постои, кога ја игнорирате. Преправањето и неискреноста во било кој аспект на вашето постоење, полека копа темна празнина во вашата душа. Животот едноставно нема “да биде на ваша страна” ако не го покажете своето вистинско лице.
Вистината можеби и не е така лесна за да се носите со неа, но секогаш на крајот ќе ве ослободи.
3. Ум без завист и љубомора
Зависта и љубомората се скапи “болести”, едноставно не можете да бидете она што сте, во нивните граници. Кога ќе им се препуштите, цената која ја плаќате е вртоглава – лошо расположение, непродуктивен ум, комплекс на пониска вредност, мигрена…
Да се биде љубоморен на она што некој го има, е исто како да пиете отров и очекувате да ви биде подобро. Исто така “рушењето” на некој, во вашиот љубоморен ум, ве руши само вас во вистинскиот живот. Наместо да се уништувате размислувајќи за работите кои ги немате или кои не сакате да се случат, размислете на момент за работите кои ги имате и што моментално можете да направите, за да напредувате во ситуацијата со која се соочувате.
4. Позитивна промена
Кога се наоѓате во ситуација во која не сакате да бидете, можноста за правење било какви промени може да биде многу привлечна. Сепак ненасочената промена ( која се случува само за да промените нешто) нема нужно да ве однесе напред.
Кога го користите своето време и енергија за да направите промена, уверете се, дека тое е промена која не само што ќе ве помрдне од ситуацијата во која што се наоѓате, туку и ќе ве донесе на подобро место. Сфаќањето, дека мора да направите промени може да биде голем извор на мотивација, но за да може таа да создаде позитивни промени, мора да ја примените за создавање вредни работи.
Немојте да се борите против она што не го сакате; создавајте го она што го сакате. Немојте да ги казнувате оние кои ве повредиле; пуштете ги и фокусирајте се на она што ќе ви помогне да ја ублажите и елиминирате болката. Немојте да се фокусирате на она од што бегате; обратете внимание на големите работи што сакате да ги создадете во својот живот.
5. Вистинска љубов
Не постои сродна душа која ќе ги реши сите ваши проблеми. Не постои љубов на прв поглед која може да трае без вложување, труд и посветеност. Но, постои некој за кого вреди да се борите.
И не затоа што тој некој е совршен, туку затоа што не е совршен на сите начини кои вам ви одговараат. Вие меѓусебно ги дополнувате вашите маани на начини кои ви овозможуваат да се соедините , поврзете и да делувате подобро како едно. Ќе знаете кога ќе ја сретнете таа личност, кога преку неа ќе го спознаете она најдоброто во себе.
6. Упорност и трпение
Пред да се откажете, размислете колкава би била штетата кога за резултатите, на чие остварување толку напорно сте работеле е потребно да вложите само уште малку труд. Постигнувањето успех не бара само работливост, туку бара и упорност и трпение. Одморете се кога ќе се изморите, но не се откажувајте. Никогаш не знаете што се наоѓа зад аголот. Тоа може да биде се она за коешто сте работеле или само уште една милја на вашиот пат.
Во секој случај, кога продолжувате чекор по чекор, еден ден следниот чекор кој ќе го направите, ќе ве доведе до саканата цел.
извор: pozitivanstav
Leave a Reply