Не е важно што луѓето ќе кажат, туку што чувствуваш во себе

Умот е матрица на програми, која се претставува како човечки идентитет. Тоа е илузорен идентитет, кој се бори против вистината на моментот. Секогаш посакува друг момент од оној каков што е, секогаш се жали, негодува, игра по условени програми и тогаш се чуди, зошто животот е такво страдање.

Кога човекот го зема умот како свој идентитет, тој го гледа светот како проекција на тој ум. Таквиот свет, не е свет каде секој слуша и разбира исто, туку свет каде перцепцијата на умот базирана на мисли, всушност одредува неутрална ситуација.

Тоа е еден многу болен и хаотичен начин на живот, начин на кој ‘човекот на човек му е волк’. Луѓето се слободни суштества кои живеат во рај- додека не поверуваат на драмата на својот ум. Свеста низ секој карактер и тело се изразува на посебен начин, така да секој карактер има своја мисија која не може да се оствари, додека не почне да ги слуша тивките сигнали на своето срце, интуицијата на моментот.

Но, ретко кој ќе се охрабри да живее таков реален живот, живот на ранливост на сегашниот момент, каде ништо освен самата свесност не е сигурно. Умот ќе презентира безброј причини, зошто е потребен и зошто треба тој да се слуша. Тој е механизам, кој се обидува да го одржи телото живо.

Кога човек не ја знае својата вистинска природа, тој живее како роб на организмот и менталните престави. И најучениот, најуспешниот и најугледниот човек во општеството, додека живее од его, всушност живее како животно, но од посебна врста- незадоволна и неисполнета- роб на своите сопствени обрасци на однесување, темелени на пријатното и непријатното, кое доаѓа од менталната меморија- како куче, кое го научивме да седне, зошто му нудиме храна.

Живот со условени реакции, никако не може да биде среќен живот. Човекот може да се издвои од лажното чувство на себство или его, кога неутрално ќе почне да ги набљудува своите ментални, емоционални и активни процеси.

Рушењето на ограничениот начин на живот, односно во страдање, мора да почне со преиспитување, односно освестување на менталните процеси, како и проживување на потиснатите емоции кои излегуваат на површина. Дури тогаш илузијата на егото, може да почне да се расчистува- човекот може да престане да преживува на инекциите на надеж и да живее живот со полни гради.

Еден од најдобрите начини е, да се преиспитува целиот систем на умот или потполно игнорирање на умот и одлично ставање на фокусот на чувството ‘јас сум’, која е единствена постојана манифестација во секој момент.

Кога фокусот се става на тоа чувство на битисување, човечката перцепција на себство се менува и тој се повеќе и повеќе сфаќа, дека свеста е присутна во секој момент. Тогаш на површината може да исплива сиот мрак, но присутноста на свеста останува непоколеблива.

Мракот е, секако само неосвестени емоции, ментални обрасци и однесувања. И во мракот се кријат најголеми блага и невидени убавини. Да, невидени бидејќи беа во мрак! Сега конечно видени, со самото гледање на светлината на свеста, се трансформираат.

Свеста е невина, чиста, детска и таа не може да штети. Хаосот можат да го предизвикуваат само несвесните делови. Затоа во суштина, секој човек во својата природа е невин- додека не му поверува на условениот драматичен ум, кој е секогаш половина во мрак и тогаш ќе почне да се повредува себе и другите, ако воопшто е можно да се повредат другите (?).

Се додека човекот живее од умот, секогаш ќе искусува болен живот на дуалност, бидејќи самиот негов ум е таа дуалност која создава страдање. Свесниот дел секогаш се претвора, дека нешто добро посакува, но несвесниот дел секогаш се плаши од спротивната можност, па така создава она од кое се плаши.

Емоциите се всушност само она, како го тумачиме протокот на енергија, односно електрицитетот низ телото. Она што сме, енергија, светлина, свест. Секој пат кога ќе поверуваме во мислата, која не е во согласност со вистината на нашето целокупно битие, чувствуваме ‘негативна емоција’, односно чувствуваме дека се откинуваме, ќе не’ заболи. Се одалечуваме од својата сопствена суштина, не дозволуваме природен тек на енергија низ телото.

Концептите болат, бидејќи не можат да бидат реални.

Кога човек не и’ верува на матрицата на умот, тој допушта природен тек на енергијата низ телото. Концептите и зборовите се забавни во комуникацијата, можат да и’ послужат на целта ако се површни, но ако длабоко се верува во нив, тие почнуваат да го загорчуваат животот- бидејќи ниту еден концепт не може да биде ускладен со вистината, со големината на вистинското битие.

Нашето вистинско битие, низ тивкиот ум, ни ја дава секогаш потребната навигација и инспирација за делување или неделување, тоа е тишина која е жива и вишата интелигенција од умот која е само збир на идеи темелени на минати искуства.

Ум или его или коцепт ‘Јас’ е всушност извор на секое страдање. За да живееме живот без страдање, мораме да бидеме подготвени да ја напуштиме секоја имагинарна слика за себе и да се запознаеме себе си! Егото е тука за да ја освестиме автономноста. Тоа ни дава чувство на одвоеност и идентитет, а за да може здраво да функционира, треба да биде задржан на најповршинскиот слој.

Но, таа автономност не може да биде остварена, ако не постои свест која се користи со неа, односно свест која се користи со умот и која е свесна за своето емоционално водство. Егото само по себе не е автономно, туку спротивно, поради своето чувството на одвоеност од изворот и различни драматични приказни за себе и светот, тој се обидува, да се спои со методи на манипулации, конформизмот, агресивни, автодеструктивни и други однесивања- па така цело време создава хаос и никогаш не наоѓа исполнување.

Егото е всушност отпор на исполнетиот живот (или ако гледаме од практична страна, отпор на протокот на енергија во човечкото тело). Сегашниот момент ги отвора сите потенцијали.

Бидете истрајни- да Бидете. А тоа секогаш и е, секогаш тука, секогаш- сега. Можете ли да замислите свет, каде секој човек е задоволен само затоа што е? Само затоа што бива во моментот и се чувствува сам по себе исполнет? Од тој наш вистински идентитет ‘Јас сум’ животот може да изгледа многу подобар, отколку што и најголемиот ум, може да го замисли. Животот неоптеретен со исходи, живот без стравови и надеж, живот од присутност и без врзување, живот од креативност и радост во секој момент.

Искусете ја вашата вистинска природа и препуштете се на текот на животот, со која управува една и една свест. Вратете се на изворот- изворот сте Вие.

Саша Ирис Паван

Извор: novasvest

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: