Отвори ги очите. Отклучи го својот неверојатен живот. Подготвен е за тебе…токму сега

Кажи благодарам на милоста, благодарам на разбирањето, благодарам на мудроста, благодарам на родителите, благодарам на љубовта, благодарам на љубезноста, благодарам на понизноста, благодарам на мирот, благодарам на просперитетот.

Кажи благодарам однапред, за она што е веќе твое. Така јас го живеам својот живот, тоа една од причините зошто сум таму каде што сум денес.

Благодарам, благодарам Благодарам на овој ден. Благодарам на секој момент, кој ме донесе до денешниот ден.

Ти благодарам на тешките времиња. Направија да ги почитувам добрите времиња.

Благодарам за лекциите. Тие ми беа потребни за мојот развој.

Благодарам на моите очи, поради кои можам да сведочам за чудата денес и утре. Благодарам на се’, што земам здраво за готово.

Благодарам на сите мои благослови. Благодарам на мојата мотивација. Благодарам на мојот дух. Благодарам на силата. Благодарам што имам храброст да се борам во тешките времиња. Благодарам за луѓето во мојот живот. Оние кои ги сакам и оние од кои учам.

Благодарам на се’. Благодарам.

Благодарам…е клуч кој ја отвора вратата на моменталната среќа…Ја отклучува вратата на се’, што навистина бараме во животот- среќа и задоволство. Размисли за тоа..Без оглед што велиш дека посакуваш..Пари, богатство, здравје, помагање на другите..Зошто тоа навистина го посакуваш? Кога ќе се погледнеш навистина длабоко, единствена причина поради која некој посакува нешто, е чувството, кое веруваме, дека ќе го добиеме од тоа.

Се’ се сведува на среќа и задоволство. А вистина е, дека можеме да ги имаме, ако сме благодарни. Ако се смириш..ако се тргнеш од буката на светот и размислиш за момент, на што можеш да бидеш благодарен, сигурен сум дека можеш да пронајдеш многу работи.

Биди благодарен што има храна на твојата маса. Воздух во твоите гради. Живот во твоето тело. Биди благодарен што имаш прилика. Прилика, својот живот да го донесеш на потполно ново ниво. Имаш прилика да одлучиш токму сега. Дека ќе ги живееш своите соништа и никогаш нема да се смириш, додека тоа не го направиш.

Биди благодарен за менталната сила, која ја доби, за да ги преживееш тешките времиња. Биди благодарен за своите раце и нозе ако ги имаш, многумина не се толку благословени, за својот вид во очите ако го имаш, твојот слух, здравјето, бидејќи многу луѓе се во полоша состојба.

Биди благодарен поради онаа една личност, која имаше влијание во твојот живот. Потоа, биди благодарен што можеш да избереш да му значиш на некој, што му ја правиш разликата во животот, без оглед колку мала.

Биди благодарен што можеш да го доживееш овој волшебен Свемир. Денес побарај чуда, ти гарантирам, ако ги гледаш, ќе ги најдеш. Неограничени се работите, на кои можеш да бидеш благодарен.

Отвори ги очите. Отклучи го својот неверојатен живот. Подготвен е за тебе…токму сега.

Благодарам на овој ден, што и да носи, без оглед дали ми носи предизвик, поради кој ќе растам, дали ќе ми донесе околности, кои ќе ме научат на трпение или ќе бидат неочекуван благослов, секој момент на радост, што и да носи денешниот ден- Благодарам.

Се молам, да имам доволно присутност во секој момент, да знам, дека ниту една околност не е мој живот, ни добра, ни лоша, никаква случка, никаков предмет не е мој живот. Животот е енергија и знам, дека сум многу повеќе од моето физичко тело.

Благодарам на мојата способност да сакам. Да им ја давам на другите својата автентична љубов и љубезност, а ништо не очекувам за возврат. Благодарам на силата. Благодарам за моето постоење. Благодарам на мојата способност за привлекување на работи и луѓе, кои се во согласност со она што ми треба во мојот живот. Благодарам. Благодарам. Благодарам за овој ден. Што и да се случи.

Denzel Washington

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: