Не се гледаме повеќе во очи, бидејќи тие ќе ја кажат вистината..

Некогаш не можеме да објасниме, зошто се чувствуваме на одреден начин за некои луѓе. Чувствуваме, како Бог да не’ приближува до некои луѓе, бидејќи ни се потребни во нашиот живот токму сега. Тоа се луѓе, кои ќе не’ научат на важни лекции во животот.

Постои причина зошто Бог го раздвижува нашето срце, кон одредена личност и сигурно постои причина поради која се привикнуваме на некои луѓе, повеќе од другите. Кога ќе размислите убаво, не постои ниту една личност со која се поврзавте, која немала нешто вредно да ве научи или играла важна улога во вашиот живот. И иронијата е, повеќето од нив се привремени, бидејќи должност им е да покажат поинаков начин и потоа ве ослободуваат.

Понекогаш, фазата на вашиот живот, одредува која врста на луѓе привлекувате и мислам дека е тоа убавината на верата, Бог ви ги праќа луѓето кои ви требаат, точно во право време. Тој ви ги дава одговорите, кои ги барате преку луѓето.

Проблемот е што стануваме фрустрирани, кога овие луѓе си заминуваат, бидејќи не можеме да ги пуштиме. Не разбираме зошто Бог мора да ни одземе, нешто така убаво или некој кој не’ исцелил. Суштината на пуштањето е верата. Верувате дека е подобро да ја оставите оваа приказна онаква каква што е. Подобро е да се пушти, да биде на начин на кој Бог го запишал.

Можеби тие луѓе се ангели испратени кај вас, за да ве подучат за некоја лекција или да ве исцелат или да ве направат подобра личност. Можеби ве подучуваат како да пуштите, како да се одвоите, како да сфатите, кога некој завршил дел од вашата приказна и верувам дека следната личност, која Бог ќе ви ја испрати, е токму таа која ви треба, дури и ако сеуште тоа не го знаете.

Затоа што знам, дека еден ден ќе ја сретнеме личноста која е со намера да остане засекогаш, ќе ги препознаеме во преполна соба, бидејќи конечно ќе ја сфатиме разликата, помеѓу некој кој ќе ја допре нашата рака и некој кој ќе ја допре нашата душа.

Извор: novipocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: