Не се залажувајте. Добрите луѓе не се глупи. Напротив! Често имаат многу висок коефициент на интелигенција, кој им овозможува, светот да го видат приближно онаков каков што е и кој им влева сила и порив, постојано да се обидуваат барем малку да го разубават, да помогнат таму каде што можат.
И гледаат, сосем јасно, кога некој поради тоа ги злоупотребува, исмејува, изневерува. Не се слепи. Но, исто така знаат, дека е тоа нивна задача. Да помогнат, без да бараат повратни услуги, да сакаат безусловно, да даваат кога ни сами немаат, да решаваат туѓи проблеми, да се најдат на секој кој е во мака.
Дури и кога ќе ги злоупотребат и изневерат, не можат да ја убијат нивната добрина. Никогаш не може да се убие поривот во нив. Зошто? Затоа што секој нуди, само она што носи во себе.
А овие кралеви на добрината, носат само љубов и разбирање, сочувство и убавина на срцето и душата. Оној кој е полн со вакви вредности, животот, Свемирот, Бог, секогаш им враќа. Тие никогаш од луѓето нема да добијат, она што пред Бог заслужиле, но животот, тој никогаш нема да им остане должен.
Ќе најдат некои други добрици, да ги спасат кога спасувањето им е потребно, да бидат сфатени и ако е потребно да ги извлечат од бездната кога висат. Светот е полн со добри луѓе, само се скриени во некоја ‘дупка’, плашејќи се од дивите и недокажаните, кои се чини, како токму сега да владеат со светот.
Се кријат тие прекрасни луѓе, плашејќи се од нелуѓе и заборавајќи на огромната животна вистина, дека Бог ги сака оние добрите, искрени, со чесно срце. Бидете тие добри луѓе. Пробајте некое време, не се плашете. Набљудувајте што ќе се случува.
Очекувајте, дека ќе ве предадат и измамат, оние на кои сте и помогнале, како и на некои други, од кои тоа никогаш не сте очекувале. Но, исто така, очекувајте чуда! Бидејќи колку што некој нечовек може да ве повреди, често пати Бог преку човек, може и да ве награди. Не дозволете животот да ви промине во ‘дупка’. Бидете храбри, бидејќи среќата ги прати добрите и храбрите, а Бог…? Тој такви најповеќе сака.
Бојана Чупиќ
Извор: uspesnazena
Leave a Reply