Среќата и убавите работи, зависат од една работа: Вербата во себе

Одеднаш и без да знаеме како, се чини дека цел Универзум ги раздвижува своите мистериозни механизми, за да ви го даде она што сте очекувале, она што без сомнеж заслужувате или што веќе сте изгубиле.
Зошто? Некои тоа го нарекуваат среќа, други судбина, некој друг зборува за законот за привлекување, но во стварноста, кој може да порекнува дека вашите напори, вашата посветеност и вашата волја на крај, ве донесоа до она, на кое сте се надевале?
Добрите работи доаѓаат, за оние кои можат да чекаат и можат да уживаат во богатство, на кое се посветиле, од ден во ден. Тоа е судбина, тоа е прилика, внатрешна сила на секој од нас, која ни носи прекрасни работи, кои му даваат живот на нашето срце.


Ако сте меѓу оние, кои обично се скептични, кога чувствуваат, дека ‘убавите работи доаѓаат одеднаш, кога тоа најмалку го очекуваш’, тогаш вредно е да се размисли за еден едноставен аспект.
Магијата, среќата и убавите работи во животот се веднаш зад аголот. Потребно е само да научите да ги пратите и да патувате во животот со слободен ум и отворено срце.

Среќата и доаѓањето на убавите работи, зависат од една работа: вербата во себе.


Ништо поедноставно: преубавите работи и среќата, доаѓаат наскоро, само ако сте во можност да верувате во себе и направете одредени ситуации.
За да добиеме на крајот она што толку посакуваме во нашиот живот, само желба не е доволна. Мораме да размислиме: мислите ги хранат емоциите, додека волјата и самодовербата во сопствените можности ќе бидат клуч за промената. Како што можете да претпоставивте, во овие концепти постои малку магија.


Вербата во себе поместува планини и автентична животна сила. Дали ја имате?
Излезете од рутината, присвојте мали измени секој ден.
Можете да продолжите со своето темпо, но малку поинаку да се фокусирате на вашите обврски. Менувајте се секојдневно, без оглед колку: пијте кафе на ново место, купете мал подарок за некој кој го сакате, одете по друг пат до дома. Секоја промена која ќе ја направите во својата рутина, е нов стимулс за вашиот мозок. Стимулсот е позитивен ресурс, а тој пак носи емоции. Ова е веќе промена, друг начин на организирање на секојдневниот живот.


Секој ден запалете ја надежта и потрудете се, никој да не ја угаси. Кој ќе престане да сонува, малку по малку умира, така да затворете ги очите и отворете го својот ум. Дозволете си себе си, да сонувате она што сакате, ослободете се по малку секој ден, дури и при помислата.


Секој ентузијазам ќе ве ‘рабуди’, се додека малку по малку не ви ‘пораснат крила’. Секој ентузијазам, секоја надеж, станува цел, а таа се претвора во волја.
Никогаш не заборавајте, дека има многу луѓе околу вас кои се подготвени да се хранат со вашите соништа и волја. Постојат луѓе кои го замаглуваат вашиот ум, со своите типични зборови – ‘ова не е за тебе’ , ‘вашите должности се други’, ‘ова се глупости и оправдувања за губење на време’ …Не им дозволувајте на овие луѓе, да ги заспијат вашите соништа. Не ги слушајте.


Оние кои можат да го сменат начинот на размислување, можат да ја променат својата судбина. Добрите работи понекогаш можат случајно да дојдат, се’ е можно. Меѓутоа, најверојатно ќе се случи, ако вложите напор, ако направите се’, за да ги прилагодите убавите работи во вашиот живот, претворајќи ги во вистински творци на вашите соништа.
Ако сте во можност да го смените правецот на вашите мисли, посебно кога се во прашање ограничувањата или негативните мисли, тогаш секогаш ќе бидете во можност да дојдете до посакуваната цел. И ако судбината ве води до раскрсниците, вдишете: одлучете се за правец, кој вашиот живот треба да ги превземе.
Свесни сме за фактот, дека воопшто не е лесно да се смени текот на своите мисли.
Мислите се моделирани на претходните животни искуства, минати сеќавања, животни лекови, по неуспех кој не сакаме да ни се повтори. Многу мисли се ограничени со неодлучност, лажни уверувања во кои некој друг е виновен. Ние мислиме, дека промените не се добра работа, дека носат со себе опасни последици и дека е подобро да ‘останеме таму каде што сме’.


Сите овие, се примери за ограничувачки мисли кои бараат конгитивно реструктуирање. И како тоа да се направи? Како можеме да го промениме правецот на мислите, кои ги имаме во умот?


Вие тоа го заслужувате. Мора да мислите, дека дошло време да си дадете себе си предност, да бидете протагонисти на вашиот живот, а не само додаток во сенка на другите. Сонувајте, инспирирајте се секој ден, надевајте се и направете мали измени. Убави работи се случуваат на оние кои можат да чекаат. Не се сомневајте!


Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/le-cose-belle-arrivano-meno-l-aspetti/

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: