Човекот кој не прави грешки, обично не прави ништо

Човечкиот мозок поседува многу поголеми можности од она што мислиме.  Еве неколку интересни факти за тоа:  

1. Мозокот не гледа разлика меѓу стварноста и фантазијата. Тој реагира подеднакво, на се’ она за што размислувате. Во таа смисла, за него не постои разлика, меѓу објективната стварност и вашите фантазии.

Од таа причина можен е плацебо ефект. Пр. ако мозокот мисли дека земате лек, а не бонбона, тогаш реагира на неа во согласност со мислата.

Ќе ја испиете плацебо таблетата, мислејќи дека е лек и мозокот ќе му даде команда на организмот, на пример, да ја намали болката. Слично работи и ноцебо ефектот, но во спротивен смер.  

Ако хипохондар гледа вечерни вести и ако слушне за појава на нова болест, тогаш може и физички да ги чувствува симптомите на болеста. Добрата вест е во тоа што гледањето на светот низ розеви очила, предизвикува  среќа поради високиот сератонин (хормон на среќата) во крвта. Секоја конструктивна мисла или сон за светла иднина може да ја подобри вашата физичка состојба  

2. Вие го гледате она, за кое најповеќе мислите. За што и да мислите, тоа станува основа на вашето животно искуство.  

На пример, ако купите нов автомобил, тогаш често ќе приметувате автомобили од таа марка во градот. Работата е во тоа, што по купувањето, почесто мислите на својот автомобил отколку што сте мислеле до тогаш. Зошто е ова важно да се знае? Бидејќе излезот од било која ситуација е можна со едноставно репрограмирање на сопственото мислење.  

Од друга страна, ако се обидувате да ја анализирате политичката ситуација која се емитува во различни медии на различни начини, најверојатно вие ќе му верувате на оние медии кои го подржуваат вашиот став.  

Има уште нешто. Дали некогаш сте приметиле како луѓето брзо се групираат по интереси? Позитивните луѓе често се дружат со исто така позитивни луѓе, хипохондри со исти, зарем не? Тоа не е случајно. Ако сакате да промените нешто во својот живот, почнете со промена на мисловните обрасци.  

3. Најголемиот дел од времето вашиот мозок работи по автоматизам.   Просечниот човечки мозок дневно генерира 60 илјади мисли. Но, повеќе од 40 илјади од нив, се истите мисли кои ви се вртеа во главата вчера.

Тоа е причината зошто е толку лесно, да влеземе во вртлогот на негативната перцепција на животот. И тоа е причината зошто треба често да се менуваме, да го исчистиме мозокот.  

Негативните мисли создаваат стрес и неспокојство само по себе, дури и ако во стварноста нема причина за тоа. И реално, го уништуваат имунитетот кој е принуден да реагира на тоа.

Тренирајте го својот мозок. Терајте го, често да регистрира позитивни мисли. Што повеќе ќе се обидувате, побрзо и полесно ќе ви успева.
Однесувајте се кон животот свесно- всушност обидете се сите несвесни процеси да ги земете под своја контрола.
Крајната цел на праксата е вашите мисли кои се јавуваат ‘по дифолт’ да бидат позитивни.

4. Повремено исклучете се, тоа е од животна важност.
Можете да се удавите во илјада негативни мисли, кои заглавиле во вашата глава со денови.
Затоа, треба да се ‘исклучи’ мозокот,  малку да му дадете одмор на имуниот систем, за да бидете здрави и среќни.
Најлесен начин, на неколку минути да го исклучите мозокот е медитацијата. Таа овозможува да се преобрази вашата свест во удобен и ефикасен инструмент.
Бирајте активен одмор: скијање, ронење, планинарење.
Што полесно се фокусирате на возбидливи процеси, полесно се чисти главата.

5. Можете да го измените својот мозок, буквално физички.
Кога се фокусирате на некоја ментална активност, вашиот мозок во тој момент активно создава нови неуронски врски. Овој процес биолозите го нарекуваат неуропластичност.

Еве за што се работи. Ако мислите дека не сте во состојба да ослабете, тоа со тек на време само ќе ја зајакне таа мисла.
Но ако тоа уверување потсвесно го замените со мислата: ‘Јас сум во одлична физичка форма, тогаш вашиот мозок секој пат, ќе гради за таа мисла нови неуронски врски.
Се’ почесто ќе приметувате нови можности, кои ќе ви овозможат да ја пребродите таа потсвесна поставка во нова реалност.

Имате можност да го избришете тоа уверување и да го промените. Имате можност да добиете се’ што сакате. Најважно е да поверувате во тоа. Бидејќи било кој физички процес почнува со мисли, кои се појавуваат во вашата глава.


Извор: www.aum.news

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: