Ако некој ти покажува, дека не му си важен, не чекај уште илјада пати да ти покаже

Некогаш ни е тешко да си признаеме, дека има луѓе кои нас многу ни значат, но ние нема никогаш да им бидеме важни. Кога некој ќе ти покаже, дека не му си важен, не чекај уште илјада пати да ти покаже, дека навистина му си важен како ‘ланскиот снег’.

Знам, дека многу луѓе не им веруваат на енергијата која ги опкружува, бидејќи за тоа немавме класични часови на училиште. Но, сите оние кои се водат спoред класичните сетила, знаат кога некому се важни, а кога не. Кога некој скоро никогаш нема време за тебе и кога твоите приказни, животот и работите кои ги сакаш, не му се важни, верувај, дека на таа личност не и’ си важен.

И не се убедувај самиот себе дека претеруваш, бидејќи навистина не претеруваш. Кога некој не те слуша, не те бара, не му си потребен, освен во некој краен случај на досада или за да ти ги натовари своите проблеми на твојот грб, на таа личност не си и важен.

Не, не си во грешка кога си признаваш сам себе си- ‘види, на оваа личност не и е грижа за мене’. Со тоа признание ќе си направиш голема услуга. Првенствено, ќе го ослободиш своето време за себе и сам ќе сфатиш, што всушност бараш во врски, во кои на некој не му си важен. Со останувањето во токсични пријателства, врски и слични човечки односи, само се затвораме себе си во маѓепсан круг на повреденост, од која не се чувствуваме добро.

Се додека си дозволуваш, некој да се однесува кон тебе како нему му одговара, а тебе не, таа личност ќе продолжи тоа и понатаму да го прави. Се додека ти не кажеш доста, застани малку!

Понекогаш среќаваме такви луѓе и имаме чувство, дека треба да им помогнеме или доколку сме во можност, на некој начин да ги излекуваме. Но, има луѓе кои не сакаат да заздраваат, да бидат излечени, туку сакаат од другата личност, да извлечат одредена количина на енергија која им недостига, бидејќи се научени да се празни.

Ако уште и се потпираме само на петте сетила, кои сме ги научиле во основно училиште, постои можност, дека наоѓаме многу оправдувања за луѓето, на кои за нас им е сеедно. Кога некој со денови не ти одговара на пораки, повици, а те обвинува, дека ти не си достапен- ти си во токсична врска и во право си, не му си важен.

Ако имаш скршена нога, а некој нема време да те види 3 недели, не си му важен. Не треба да бараш оправдувања. Таа личност, најверојатно така се однесува со сите, не само со тебе. И навистина, ако нечиј нокт е поважен од твоето болно дете ( ова се само примери ), на таа личност навистина не си и важен.

Штета е да им се подарува внимание на луѓето од тој вид, на оние на кои не им си важен. Тие ионака тебе не ти посветуваат внимание, за возврат често бараат константно, да си на располагање. Убаво е да се помогне, убаво е да се биде некому на располагање. Убаво е да се одвои дел од своето време и живот и да се подари внимание, нежност, прегратка и љубов на секој, на кого е потребно.

Но, да подариш на некој дел од својот животен пат, а не си негова потреба, те малтретира, давајќи јасни знаци дека си му неважен, навистина е жално.

Во денешно време има навистина толку добри, убави, креативни и величествени луѓе, што би било штета да се пропушти можноста за нивно запознавање, бидејќи сме размислувале, зошто не оставила на цедило, личноста која не смета за неважни.

Помрдни се, засакај се повеќе и тргни во прегратка на животот што те чека, со луѓе, на кои навистина си им важен. Посвети си внимание себе си и на својата внатрешност. Зграпчи ја својата целост и подели ја со оние, кои ги ценат работите што ги нудиш.

И ослободи ги својот ум, енергија и тело од врските кои не треба да се негуваат. Ако некому не си важен, и уште тоа јасно ти го покажува, зошто би бил, дел од живот што не ти носи љубов, самоостварување и самодоверба ?

Нера Црнчиќ

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: