Проблемот е што мислиш дека имаш време

Овој текст го напишал Морган Фриман за научно- документарната серија” Through the Wormhole”. Самиот тој нема 86 години и за среќа здравјето му е добро. Текстот произлезе од желбата за промена на луѓето, а секоја личност може да се пронајде во овие зборови:

‘Злото ја преполни мојата душа! Да можам, би променил се’! Никогаш не ми беше доволно… Ако ме послушате, можам да ви ја променам иднината!

Имам 86 години, и за жал, со едната нога сум веќе в гроб. Во банката имам милиони, но здравје не можам да купам. Имам семејство и милион обожаватели ширум светот, но на смртната постела никој не ми дојде…Ниту мојата жена, ниту моите деца, ниту мојот брат, не дојдоа кај мене кога ми беше лошо.

Го живеев погрешно мојот живот и не сакам тоа на никој да му се случи. Ако сакате да ме послушате, би можел да ви ја променам иднината. Својот живот би можеле да го промените за само неколку минути. Посакував, тоа некој да ми го кажеше додека бев помлад.

Парите не се зло ! Тоа е само хартија, која ни овозможува да добиеме други работи, вредни за нас. Сигурно се прашувате, ако парите не се зло, тогаш што се ? Злото е бесрамна , опсесивна и неморална желба за повеќе. Злото е бескрајна, бездушна и опсесивна потрага по ќупот со злато, на крајот од виножитото кое не постои.

Злото ги добива, вашето срце и душа, во замена за финансиски успех, кој сакате да го постигнете по секоја цена. Злото се обидува да ја купи среќата одново и одново, се додека не се распрснат сите лажни соништа. Замислете само, дека сте изгубиле се’ што сте имале.

Сега сте опуштени. Сите пари кои ги имавте, исчезнаа како песок низ вашите прсти. Сега повеќе немате средства да купите лажна благосостојба. Кој сте сега вие? Каде се сите оние луѓе, кое ги сметавте за пријатели, сега кога немате ништо?

Можеби сега со вас не се ниту семејството, ниту пријателите, а сите останати мислат дека сте обичен неранимајко.Како дојдовте до овој степен во вашиот живот ? Вашата голема потреба да имате се’, да имате повеќе, ви го замаглила видот, па не сте ја виделе смислата на својот живот.

Ако сте сега фрустрирани поради тоа што немате ниту пари, пријатели и семејство покрај себе, тогаш ОДЛИЧНО! Сега е вистинското време за промени! Не велам, дека треба да ја занемарите работата и да живеете на улица, само велам, дека нема потреба да се стремите кон нешто повеќе…

Сега е вистинското време да живеете за себе. Ако е вашата вистинска желба да го вратите семејството и да стекнете вистински пријатели – сега е времето за тоа. Простете си себе си и на другите кои ве повредиле. Одредете ги приоритетите во животот. Сочувајте си го бракот и почнете пак, да ја сакате својата друга половина. Примерен родител може да станете и во седумдесеттите, и во осумдесеттите, но зошто би чекале толку долго за ова??

Може да заработите уште повеќе пари, но никогаш не може да заработите уште неколку години живот. Ќе дојде денот кога ќе умреш, бидејќи сите умираат. Како сакаш да те памети светов?

Само мал број на луѓе ќе го живеат вистинскиот живот. Сите ние сме создадени за големи работи, а не само да заработуваме пари. Љубовта и добрината се оружје, со кои сите располагаме. Со нив многу може да се постигне’.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading