Тргај се од луѓе кои шират несреќа околу себе, никој покрај нив не може да се стопли

Оди си од оној, од кој се плашиш, поради кој дишеш со половина гради, бидејќи телото нема да ти прости толку молчење. Можеби ти и можеш да се согласиш, но душата нема.

Оди си од лошиот човек и можеби ќе се излечиш од панични напади, анксиозност или депресија, бидејќи тоа не значи, дека не го сакаш животот- туку не сакаш таков живот, со таков човек.

Зошто некои луѓе не се добри едни со други? Зошто има толку лоши бракови и лоши врски, лоши родителства и лоши пријателства?

Некои луѓе едноставно не се добри сами за себе, па така ни за другите.

И се’ затоа што не е им е добро, бидејќи сонцето не е доволно жолто, а месецот им е накриво наместен. Па како тогаш, може човек, за нив да биде по мерка. Има така луѓе, накриво насадени, направени, во се’ да гледаат лошо или некоја вина. Не е невозможно, туку сосем е невозможно да ги направите среќни, бидејќи од кога ќе ги отворат очите, ќе видат секаде туѓа неподобност. Тие луѓе, гледаат колку е некој прост или глуп, грд или расипан и така во бескрај.

Нив не им одговара ниту една жена, ниту еден маж, ниту едно дете, свое или туѓо. Тие генерираат несреќа околу себе, бидејќи ако нив не им е добро- а не им е, никој покрај нив не може да се ‘стопли’, да се насмее или да ужива. Таков човек ќе ја исцица секоја среќа, од секој човек. И треба де се бега од него, да му се тргнеш од патот, макар и да е најблизок.

Заминувај, ако венеш поради него, ако седиш на пола столица, ако го задржуваш воздухот кога ќе влезе во соба, ако имаш страв што ќе рече и што ќе направи, ако поради него се чувствуваш вознемирено, ако поради некој таков не спиеш.

Ако поради таков човек не растеш, ако не се смееш, ако си со некој сосем погрешен, ако твојата среќа за него е неподобна и радост не можеш да поделиш со него.

Не буди се, покрај оној кој не те гледа убаво, не му одговараш, па нека е и најблизок. Од нив човек најлошо се разболува. Биди со оние за кои си убав, за кој си добар- во бракот, животот, пријателството, родителството.

Не ги греј оние незагреаните и не ги одмрзнувај замрзнатите. Без врска е тоа, затоа не се обидувај. Нив остави ги, бидејќи никој не може да им помогне. Тие се несреќно составени, а ти фокусирај се на твоите делови, убаво да ги составиш.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: